28 Март, 2024
0.0372

Се појави нон-пејпер за решение на спорот со Бугарија, се споменува внесување на Бугарите во Уставот

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Клан објави нон-пејпер за решение на спорот со Бугарија, но за Владата официјален е предлогот на Португалија. 

Клан објави доверлив документ, кој наводно претставува дел од нон пејперот каде се нуди решение за спорот. Се предлагаат двојни принципи, што ќе им овозможат на двете страни сопствена интерпретација на историските настани.

„На Република Бугарија ќе и се дадат гаранции за зајакнување на сегашниот концепт за нација-држава, препознавајќи го историскиот контекст на бугарско потекло на граѓаните без исклучок. Тоа ќе го намали стравот на Бугарија на долг рок од загрозување на стабилноста и безбедноста преку правата на малцинствата. Во Република Северна Македонија, од друга страна, постоечкиот контекст на мултиетничко општество ќе се зајакне преку вклучување на бугарскиот наратив. Се предлага Бугарите да се внесат во Уставот, соодветно како и сите други етнички заедници. Се додава и дека мнозинскиот дел од словенскиот народ, кои себе се идентификуваат како Македонци, и кои сметаат на историскиот контекст за посебност на македонскиот народ ќе ја задржат можноста за сопствен аспект и наратив на оваа заедничка историја“, предвидува овој документ. 

Од Владата велат дека за нив единствен официјален е само португалскиот предлог.

„За Владата на Северна Македонија официјален е предлогот претставен за време на претседателството на Португалија со ЕУ. Сметаме дека тој предлог овозможува решенија прифатливи за сите страни. Република Северна Македонија останува посветена во процесот, со цел надминување на разликите со Република Бугарија, со што и би се отстраниле пречките за почетокот на пристапните преговори со ЕУ. Тоа е во интерес на граѓаните на двете држави, а со тоа и на европската агенда“, велат од Владата. 

Се надеваат дека колку може поскоро ќе се создадат политички услови во Бугарија за да се отвори можноста за интензивен дијалог меѓу Скопје и Софија. 

Во четврток, 16 септември, претседателот на Бугарија Румен Радев ќе го распушти 46. Народно собрание. На 14 ноември ќе има нови избори. 

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?