22 Септември, 2021
0.0270

СЕ ПОДИГААТ НОВИ НАСАДИ: Карантинот донесе бенефити за овоштарите во Ресен и Преспа

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Мај, 2020

Карантинот кој има за цел да спречи ширење на Ковид 19, донесе и низа бенефити за овоштарите во Ресен и Преспа. 

Љубе Пампулески, претседател на здужението на овоштари „Благој А. Котларовски“ од Ресен вели дека многу од овоштарите oвој период го искористиле за да темелно работат на своите насади. При тоа старите стебла се заменети со нови, а има и проширување на овоштарниците со насади на лешник, јагоди. Дури се оди и дотаму што луѓето сеат и житарици со цел да имаат храна доколку состојбата со коронавирусот продолжи. 

„Луѓето сега имаат време да ги сработат сите оние работи кои претходно ги запоставувале, како прскање, замена на стари стебла кои имаат повеќе од 20 или 30 години. Има и мало проширување, така што засадени се површини со лешник, грозје, јагоди. Дополнително, бидејќи децата не одат на училиште, цели семејства работат во овоштарниците. Ова е нова и многу специфицична ситуација кај нас  и во светот, и воопшто во историјата. Сепак, освен негативната страна која донесе затворање на границите, има и позитивни ефекти. Секој се труди да сработи што повеќе и најдобро што може“, вели Пампулески. 

Тој се надева дека наесен границите ќе бидат отворени и протокот на стока ќе тече нормално. 

„Сега сме ограничени со движење, не само пошироко, туку и во своите општини и тоа го намалува протокот на економските добра, но во исто време го направи земјоделецот креативен. Луѓето времето го поминуваат во полето, да набават гориво до бензинска пумпа или да отидат на пазарење, но тоа го прават под маски, а при тоа нема мешање со цел да не се шири заразата. Во Ресен за среќа нема заразени досега“, додава Пампулески.

Во овој дел од Македонија 2.220 семејства се занимаваат со овоштарство, односно површина од 4.500 хектари е под овошни насади, доминантно јаболка. 

Македонија пристапи кон олабавување на мерките кое ќе оди во три фази. 

Ќе се отворат трговските центри и кафулињата, а работниот процес во земјата полека ќе се враќа во нормала.  Меѓу сите фази ќе се следат параметрите и епидемиолошката состојба. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: Порано во Струга, Кичево или Чаир ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се бореа за градоначалник, а помагаа албанските гласови, сега е обратно

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: Порано во Струга, Кичево или Чаир ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се бореа за градоначалник, а помагаа албанските гласови, сега е обратно

ЛЕТО, СЕ ГЛЕДАМЕ СЛЕДНАТА ГОДИНА: Вечерва пристигнува есента

ЛЕТО, СЕ ГЛЕДАМЕ СЛЕДНАТА ГОДИНА: Вечерва пристигнува есента

ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА: Граѓанка дури три пати „фатила“ ковид-19

ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА: Граѓанка дури три пати „фатила“ ковид-19

ВО ЕДНАТА РАКА ПРОТИВ КОВИД, ВО ДРУГАТА ПРОТИВ ГРИП: Нема никаква опасност да се примаат вакцините истовремено, уверува епидемиологот Стојанов

ВО ЕДНАТА РАКА ПРОТИВ КОВИД, ВО ДРУГАТА ПРОТИВ ГРИП: Нема никаква опасност да се примаат вакцините истовремено, уверува епидемиологот Стојанов

Џес Бејли по две и пол години откако си замина: Се сретна со Пендаровски во Њујорк

Џес Бејли по две и пол години откако си замина: Се сретна со Пендаровски во Њујорк

МИГРАНТИ ПОВТОРНО МИНУВААТ КАЈ ТАБАНОВЦЕ: Досега немало проблеми, но кај мештаните има загриженост

МИГРАНТИ ПОВТОРНО МИНУВААТ КАЈ ТАБАНОВЦЕ: Досега немало проблеми, но кај мештаните има загриженост

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По пожарот во Тетово дисциплината е поголема, а во меѓувреме протече документ за набавка на модуларните болници

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По пожарот во Тетово дисциплината е поголема, а во меѓувреме протече документ за набавка на модуларните болници

Румен Радев бара Македонија да ги почитува човековите права

Румен Радев бара Македонија да ги почитува човековите права

Меѓу починатите од коронавирусот и денес има млади луѓе

Меѓу починатите од коронавирусот и денес има млади луѓе