Се подготвувал ли атентат врз поранешниот косовски претседател Хашим Тачи - дали е тоа од припадник на специјалните безбедносни сили
Објавено во: Балкан 23 Ноември, 2020
Поранешниот пратеник на Иницијативата, Миjaаим Зека, изјави дека го известил поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, дека за него се подготвува атентат.
Како што јавуваат албанските медиуми, Зека изјавил дека припадник на специјалните безбедносни сили, кој наводно е член на семејството на висок политички функционер, се подготвува да го убие Тачи.
„Го информирав претседателот Хашим Тачи дека врз него се подготвува обид за атентат од припадници на специјалните безбедносни сили, кој инаку е член на семејството на висок политички функционер кој беше во владата. Претседателот го знае тоа. Информациите се покажаа како точни. Властите исто така се свесни за тоа“, изјавил Зека за Канал 10.