25 Април, 2024
0.4884

Се отвори новиот Анхоч Action – продажен салон со современ дизајн и концепт за сите видови на ИТ и гејминг опрема

Објавено во: Мои пари 10 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Најголемата македонска ИТ компанија „Анхоч“, свечено го отвори својот нов ексклузивен салон, наречен Анхоч Action, со локација во Скопје Capitol Mall.

На отворањето, забележителен беше големиот интерес кај посетителите од сите генерации, кои со нетрпение чекаа да го посетат новоотворениот продажен салон и да го збогатат своето домашно катче со некој од најактуелните ИТ производи, сепак Анхоч беа спремни за предизвикот и за пофалба е имплементираниот систем на нумерирани купувачи со цел да се избегне групирање на купувачите во и пред салонот, на тој начин сите мерки за заштита и превенција од Ковид19 беа запазени.

И секако баш во нивниот стил и овој пат веднаш можеше да се забележи многу современ дизајн и концепт во салонот, за кого од „Анхоч“ велат дека како и секогаш ќе останат доследни на професионалната услуга и големата понуда на квалитетни производи, бидејќи задоволството на нивните клиенти е најголемиот успех.

Анхоч Action е обезбеден со ексклузивна гејминг зона и посебна аудио соба дизајнирани специјално за љубителите на гејминг и аудио опрема.

Гејминг зоната беше особено популарна кај помладата популација, во која можеше да се тестира и спореди најразлична гејминг опрема од најпознатите светски брендови, додека за аудиофилите беше интересна аудио собата, каде во пријатен амбиент можеа директно да ја пробаат и почувствуваат моќта на аудио опремата од најразлични модели на звучници и аудио системи.

„Анхоч“ во моментов е најголемата македонска ИТ компанија, со најголем избор на лаптопи, таблети, смартфони и останата ИТ опрема, присутна веќе 27 години на македонскиот пазар со 17 продажни локации и 140 вработени во сите поголеми градови низ Македонија.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan