Македонците и понатаму нема да можат да патуваат во Грција
Објавено во: Македонија 08 Март, 2021
Македонските граѓани и понатаму нема да можат да патуваат во Грција.
Грција не ги отвора границите за Македонија. Продолжена е забраната за патници од трети земји. Грција ја продолжи забраната за пристигнување патници од околните земји по воздушен, копнен и морски пат, а тоа правило важи и за патниците од земјите од третиот свет. Забраната е на сила две недели, поточно до 22 март. На граѓаните на земјите членки на ЕУ, како и на државјаните на Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, Русија и Израел не им е забранет влез. Здравствените работници, жителите на ЕУ, членовите на дипломатските мисии, дипломатите, возачи на камиони, транзитни патници, студенти, негуватели на стари лица и инвалиди и сезонски земјоделски работници се изземени од забраната. Пред неколку дена Грција ги заостри мерките за борба против коронавирусот. Грција е поделена во две зони- темноцрвена (многу зголемена опасност) и црвена.