19 Април, 2024
0.0279

Се окрупнува „фронт“ против новите давачки за музика

Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Здружението на приватните медиуми на Република Македонија (ЗПММ) започнаа со предвидените активности, договорени на средбите со членството, со кои треба да се најде начин да се спрели новата давачка за емитување музика, која ќе нанесе огромен удар врз сите медиуми. Но, штета ќе трпат и хотелиерите, но и сите, од најмали до најголеми бизниси, кои во оваа ситуација во која е моментно целото стопанство ќе треба да издвојуваат значителни средства и за оваа намена. Со тарифникот на старо-новото зддружение ММИ се опфатени сите фирми во државата. Веќе за наредната недела е најавено окрупнување на „фронтот“ против новите трошоци за користење на музиката, велат од ЗПММ. Правната служба ангажирана од здружението на ЗПММ работи на сите аспекти на проблемот, а не се исклучува и правна разврска на проблемот со ММИ во највисоките правни инстанци во земјата, односно во судовите. Вчера, претставници на здружението остварија средба со првиот човек на Советот за радиодифузија Зоран Трајчевски, пред кого беше презентирано здружението, целите и дел од планираните активности за наредниот период. - Медиумите се среќаваат со многу предизвици во овој период. Случајот со ММИ е само капката која ја прели чашата и која не натера да се обединиме и заеднички да побараме решение за овој, но и за сите други наталожени проблеми со кои се среќаваме секојдневно. Доколку се согласиме со новонастанатата состојба ќе стигнеме до околу 10% од комплетниот приход кој ќе треба да го издвоиме за оваа намена. Ако на тоа се додадат и средствата кои сите медиуми наскоро ќе ги издвојуваат за користење на услугите на дигиталниот оператор кој ќе стартува со работа од јуни следната година, но и големиот број на компензации кои медиумите се приморани да ги прифаќаат, стигнуваме до фантастични бројки кои ќе се едноставно неиздржливи, вели претседателот на ЗПММ Сашо Митаноски.    

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година