24 Април, 2024
0.0260

Се огласија винариите и трговците со вино: Откупните цени се мали затоа што државата не помага

Објавено во: Економија 13 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Винариите и трговците со вино се огласија преку соопштение по негативните реакции во јавноста дека откупните цени за грозјето се многу мали, при тоа велат дека кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата направила сериозни пореметувања на глобалниот вински пазар, а истовремено и огромни штети врз македонската винска индустрија

„Податоците на „Вина од Македонија“ (ВОМ), во кое членуваат најголемите производители и извозници на вино во земјата, покажуваат дека Ковид-19 кризата предизвика пад на продажбата на вино на домашен пазар и до 80%, пред сѐ поради намалениот промет во угостителскиот и туристичкиот сектор каде се остварува најголем дел од потрошувачката на флаширано вино. Дополнително, обидите на големите производители на вино од Италија, Шпанија и Франција да се ослободат од големите залихи, предизвикаа намалување на цените на виното на клучните извозни пазари, особено на наливното, за повеќе од 40%, што креираше дополнителен притисок за намалување на цената на македонското вино што се пласира на странските пазари и намалување на вкупниот девизен прилив од извозот на вино“, велат од здружението.

Велат дека драстичното намалување на продажбата на вино на домашниот пазар и намалувањето на цените на виното на главните извозни пазари сериозно ја влошија финансиската стабилност и ликвидност на македонските винарници, што го довело во прашање редовното производството на вино и реализацијата на годинешниот откуп на грозје и претставува потенцијален проблем и за лозарите и за државата.

„Во вакви крајно отежнати околности, македонските производители и извозници на вино се приморани да ги прилагодат своите деловни планови, вклучувајќи ја и ценовната политика за откуп на грозјето спрема условите што ги диктира пазарот и ситуацијата предизвикана од Ковид-19 кризата. Производителите на вино, а особено извозниците на наливно вино се соочуваат со големи ценовни притисоци на светско ниво, што ја прави откупната цена нереална и невозможна без интервенција од државата. Дополнително, намалената побарувачка, како на домашно, така и на светско ниво, влијае и на потребите од количини грозје со што се става под знак прашање откупот на целата реколта“, пишува во реакцијата.

За да се избегне целосниот колапс на македонската винска индустрија и лозарство, Здружението „Вина од Македонија“ во периодот од март до јули 2020 иницирало повеќе средби со претставниците на надлежните институции на кои биле презентирани конкретен сет мерки за поддршка, но велат дека Владата до сега не донела одлука во врска со ова прашање. Ставот на „Вина од Македонија“ е дека за да може да се откупи целокупната количина на грозје од годинешната берба,по дефинирани цени, ќе биде неопходна директна финансиска поддршка од државата.

„Доколку не се размислува рационално и не се дејствува брзо и одлучно, постои реална опасност за целосен колапс на македонската винска индустрија која обезбедува годишен извоз од околу 50 милиони евра и обезбедува работа и социјална сигурност за околу 30.000 индивидуални земјоделски стопанства, 12.000 сезонски работници и повеќе од 2.500 вработени во 74 регистрирани домашни винарски визби“, предупредуваат винарниците.


Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава