22 Јануари, 2025
0.0935

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВРЕДИ ЗА ЗНАМЕТО: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Откако ги прозваа дека не се огласуваат, свој став за уништувањето на знамето се јавија и од Вреди.

„Масовната прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера не им одговараше на оние на кои им се наруши комфорот на фотелјите на власта. На крајот на денот се појавија овие кругови кои сакаат да ја дестабилизираат државата. Не затоа што ја сакаат државата, туку затоа што им недостига власта.

Коалицијата ВЛЕН најостро ги осудува овие неприфатливи дела што се случија синоќа за време на Денот на независноста на Албанија, каде срамно беа запалени државните знамиња, слики кои денеска беа објавени во јавноста од медиумите.

Повикуваме на разумност и меѓусебно почитување, бидејќи палењето на знаме е подгревање на меѓуетничките односи во оваа земја. А, оваа работа не им служи ниту на оние кои ја поттикнуваат, односно на никој друг, а уште помалку на граѓаните.

Чувствуваме одговорност и апелираме до сите граѓани да покажат разумност и решителност да не станат плен на злонамерни провокации. Не дозволувајте да бидете жртва на никого, а уште помалку од оние кои не ги слушнале или виделе вашите маки. Веруваме во високата свест на нашите граѓани кои ќе бидат будни и нема да бидат инструментализирани од оние кои по губењето на власта го изгубија патот во сопствениот двор.

Се грижиме за безбедноста на нашите граѓани, за стабилноста на државата, затоа предупредуваме на максимална внимателност на сите граѓани без разлика, да не прават дела од кои никој не може да избега. И за ова имаме доволно докази од минатото.

Мултиетничкиот карактер на Северна Македонија е вредност на нашата држава и општество, а секој што ќе се обиде да ги наруши меѓуетничките односи покажувајќи непочитување кон другите, особено кога се палат државните знамиња, ќе мора да се соочи со надлежните органи за спроведување на законот и да бидe повикан на одговорност.

Ваквите празници симболизираат толеранција и меѓусебно разбирање, затоа вчера албанските граѓани славеа на најдобар можен начин, во училиштата, плоштадите и во главниот град, со знамиња завиткани околу вратот и насекаде со насмевки.

Коалицијата ВЛЕН е целосно посветена на стабилност и напредок без никаков компромис!“, се вели во реакцијата испратена од Вреди.

Можеби ќе ве интересира

„МИЦКОСКИ ИМАШЕ СРЕДБИ СО ЛУЃЕ СО БИТНО ВЛИЈАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ВЛАДИ НА СДСМ“: „А Таче не се брои, пошто е битен ко семафор на пешачки во Чаир“ - Латас распали

„МИЦКОСКИ ИМАШЕ СРЕДБИ СО ЛУЃЕ СО БИТНО ВЛИЈАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ВЛАДИ НА СДСМ“: „А Таче не се брои, пошто е битен ко семафор на пешачки во Чаир“ - Латас распали

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

ЛЕКОВИ, ИНСУЛИНСКИ ИГЛИ, КЛУЧЕВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ОБЛЕКА - цариниците со „полни раце работа“, еве што се заплениле

ЛЕКОВИ, ИНСУЛИНСКИ ИГЛИ, КЛУЧЕВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ОБЛЕКА - цариниците со „полни раце работа“, еве што се заплениле

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?

СЕ БОРИМЕ СО БРИСЕЛ, БЕРЛИН, ПАРИЗ, ЛОНДОН...НАШИОТ ГЛАС Е СЀ ПОСИЛЕН: Мицкоски уште еднаш се огласи од САД, се сретна со близок соработник на Трамп

СЕ БОРИМЕ СО БРИСЕЛ, БЕРЛИН, ПАРИЗ, ЛОНДОН...НАШИОТ ГЛАС Е СЀ ПОСИЛЕН: Мицкоски уште еднаш се огласи од САД, се сретна со близок соработник на Трамп