19 Април, 2024
0.0309

СЕ ОГЛАСИ СИНДИКАТОТ: Исмаили што побргу да ја закаже седницата на Комисијата за труд, за работниците да го имаат од октомври недела неработен ден

Објавено во: Економија 14 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Откако Фактор објави дека претседателот на Комисијата за труд и социјална политика Хусни Исмаили од Алтернатива се уште не ја става на дневен ред на комисијата точката за измените на Законот за работни односи, со кои од први октомври недела треба да стане неработен ден, со реакција се јави Сојузот на синдикатите на Македонија. 

Од ССМ бараат Исмаили во најкус можен рок да закаже седница на Комисијата за труд и социјална политика, на која ќе се разгледуваат предлог законските измени на Законот за работни односи во второ читање. 

„Сојузот на синдикатите на Македонија како иницијатор на измените на Законот за работните односи во насока на уредување на недела како неработен ден, а со цел унапредување на работничките права и усогласување на националното законодавство со меѓународните трудови стандарди, бара од претседателот на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието во најкус можен рок да закаже седница на Комисијата за труд и социјална политика, на која ќе се разгледаат предлог измените на законот во второ читање кои се испратени до Собранието во јули оваа година“, се вели во соопштението од најголемиот синдикат во земјава.

На тој начин, според нив, ќе се исполнат сите законски претпоставки, измените на законот да бидат ставени на дневен ред на седница на Собранието навреме, за да може работниците да го користат правото недела да биде неработен ден со почеток од први октомври оваа година, како што беше договореното од сите социјални партнери во државата.

„Очекуваме тоа што социјалните партнери го договориле на ниво на Економско социјален совет целосно да се почитува и да се реализира  од страна на Собранието“, велат од ССМ во својот допис до претседателот на Комисијата за труд и социјала. 

Како што веќе објави Фактор, од Министерството за труд и социјала апелираа до сите народни избраници, и од власта и од опозицијата, да дадат максимална поддршка на ова законско решение.

Оттаму нагласуваат дека овој закон ќе опфати дури 92 проценти од работниците во земјава, за кои недела ќе биде неработен ден. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите