28 Март, 2024
0.0268

СЕ ОГЛАСИ ОЛИМПИЈА ХРИСТОВА ЗАЕВСКА: Си заминувам од лични причини

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Шефот на кабинет на актуелната министерка за финансии, Нина Ангеловска, Олимпија Христова Заевска информира дека си заминала од оваа позиција од лични причини.

Таа соопшти дека наскоро ја очекува нов професионален ангажман каде ќе се фокусира на дизајнирање на модели и политики кои треба да помогнат на земји како Северна Македонија и други земји во развој да ги применуваат технологиите на Четвртата индустриска револуција во приватниот и јавниот сектор. 

„Сметам дека е клучно и ние со наша експертиза да седиме на масата каде се дискутира и одлучува за глобалните текови поврзани со овие теми! За мене беше чест и огромно искуство да работам со Премиерот Зоран Заев а потоа и со Министерката за финансии Нина Ангеловска. Во мојот светоглед, тешко е да работиш за некој доколку мотивите не се на вистинско место. Мотивот да се направи државата поубаво место за живеење и притоа да се плати цената и да се излезе од зона на комфорт, е евидентен во нив. Да не зборувам за прекрасни луѓе кои со години посветено и професионално работат во нашата администрација и буквално го крепат цел систем од кои треба да се учи. Такви со засукани ракави ни требаат уште многу повеќе! Со целосна увереност можам да кажам дека поранешниот Премиер Зоран Заев е човек што ја води државата во вистински правец, колку и патот да е трнлив. И со неверојатен сенс за различностите и зреењето во државата, го проценува времето и носи одлуки со кои го разгазува патот и луѓе како мене да го дадат својот придонес“, наведува таа. 

Додава дека тоа што нема да е полновремено ангажирана во Владата, не значи ништо друго освен дека постојано ебудна и спремна да даде уште повеќе на ова општество. 

Вели дека доаѓа време на нова политика, неопходност од солидарност, грижа за најслабите и заборавените. 

„Доаѓа време кога заеднички ќе ко-креираме и заеднички ќе адресираме глобални проблеми како климатски промени, достоинствена работа, движење на работна сила и одржлив економски раст што го става човекот во центар. Зарем не копнееме сите по светли точки, примери и мотиватори? Приметивте ли дека Северна Македонија и тоа како се наметнува како модел за преговарање, решавање на конфликти, подавање на рака и отвореност за “другиот”? Лично имам посведочено бројни примери на светски лидери и врвни професионалци кои сакале да слушнат нешто од нас, да научат, да разговараме и да соработуваме. Тоа не е случајност, туку резултат на истрајност на нечие лидерство, во кое јас имав чест да учествувам. Северна Македонија е, и ќе биде уште поубаво место за живеење: ако сите малку повеќе мислиме што можеме ние да дадеме не да земеме, ако мислиме сите малку повеќе дека треба труд и посветеност а не магија за нештата да се случат и ако мислиме малку повеќе на тимска игра“, додава во реакцијата.  

Вели дека наредната Влада ќе ја формира лидерот со тим што ги живее овие принципи. 

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“