29 Март, 2024
0.0250

СЕ ОГЛАСИ НАРОДНА БАНКА: Банкарскиот систем е стабилен и солиден, и Финансиска полиција појасни дека се работи за стари активности

Објавено во: Финансии 23 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Се огласи и Народната банка во врска со наводите кои вчера ги изнесе директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Монетарната власт во земјава е децидна дека нашиот банкарски систем е стабилем, здрав и солиден, и дека тоа е потврдено од сите релевантни меѓународни институции.

На прашања на Фактор, од централната банка велат дека тие не располагаат со информации за истрагите што ги води Финансиската полиција, но и дека дополнителното појаснување што го даде директорот Муареми упатува на тоа дека не станува збор за тековни активности, како и дека тие не се ризик за банкарскиот ситем на земјава.

„Во врска со изнесеното од директорот на Управата за финансиска полиција, а согласно природата на надлежностите на Управата, Народна банка не располага со детални информации за овие прашања. Дополнителното појаснување дадено од Управата денес, јасно посочува дека не станува збор за активности коишто тековно се одвиваат и со тоа не претставуваат ризик за банкарскиот систем“, објаснуваат од НБМ.

Народната банка, како што потенцираат, во континуитет ги зајакнува регулативата и супервизорскиот капацитет, доследно ја спроведува својата супервизорска функција и постапува согласно со своите надлежности. 

„Клучните показатели за банкарскиот систем остануваат солидни и стабилни, а впрочем и оцените на сите релевантни меѓународни институции за банкарскиот систем се позитивни“, потенцираат за Фактор од првата монетарна куќа во земјава, со која раководи гувернерката Анита Ангеловска Бежоска.

А, како што веќе објавивме, денеска со појаснување се јави и самата Управа за финансиска полиција, за вчерашната изјава на директорот на оваа институција, Арафат Муареми, во врска со водење на преистражни постапки кон други банки, за начинот на нивно постапување во врска со издадени кредити.

Дадената изјава, како што велат од Управата на финансиска полиција, воопшто не се однесува на сегашни случувања кај банките, односно не упатува на тековни наоди на Управата за вакви активности кај банките. Изјавата, како што се посочува, се однесува на преземени дејствија од страна на банки во период од 2007 до 2012 година. Оттаму, изјавата  воопшто не имплицира дека во овој момент се преземени нови дејствија за нови случаи. За наведените дејствија Управата за финансиска полиција во 2018 година има поднесено и известување до Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО).

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка