21 Февруари, 2020
0.0161

Се огласи и гувернерката Бежовска: Ги симнуваме каматите, но уште ни се повисоки од Европа

Објавено во: Финансии 16 Јануари, 2020

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествувала на еден од водечките традиционални настани од областа на финансиите – Форумот на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија, соопштија од НБМ. 

На панел-дискусија посветена на монетарната политика, таа се осврнала на тековната и идната поставеност на монетарната политика во регионот и во земјата, евроизацијата и улогата на  процесот на пристапување кон Европската Унија во градењето на институционалниот капацитет.

Во дискусијата, Ангеловска-Бежоска говореше за амбиентот на исклучително ниски каматни стапки на централните банки и за очекувањата за продолжување на стимулативната монетарна политика во развиените земји, со оглед на ниската инфлација и очекуваното забавување на растот. Таа нагласи дека со оглед на силните трговски и финансиски врски со еврозоната, понатамошното олабавување од страна на Европската централна банка е еден од факторите којшто може да придонесе за понатамошно олабавување на монетарната политика и на централните банки во регионот. Воедно, стави акцент и на монетарната политика на нашата централна банка, којашто во изминатите неколку години постојано се олабавува, што придонесува за намалување на цената на финансирањето на корпоративниот сектор и домаќинствата, како и за раст на кредитната активност.

Според Ангеловска-Бежоска, за разлика од дел од развиените економии каде што каматните стапки се околу нулата, во нашиот регион, каматните стапки на централните банки и понатаму се позитивни, што во зависност од специфичните околности во секоја економија покажува дека просторот за монетарната политика во овие земји веројатно е поголем.

„Во однос на прашањето за евроизацијата, гувернерката изјави дека таа е присутна во нашата земја, но е пониска во споредба со други земји од регионот. Во изминатиот период се забележува позитивен тренд на нејзино постепено намалување, особено во периоди кога нема позначајна економска или политичка нестабилност. Таа нагласи дека Народната банка и во иднина ќе презема мерки за понатамошно намалување на степенот на евроизација, со што би се зголемила ефективноста на монетарната политика. Притоа, укажа и на Стратегијата за денаризација во која се вградени повеќе мерки за нејзино зголемување, што е впрочем нагласено и во рамките на економскиот дијалог со ЕУ“, велат од НБМ.

Понатаму, во дискусијата, Ангеловска-Бежоска се задржа на подготвителните активности во рамки на процесот на пристапување кон ЕУ. Овие активности, подолг временски период, претставуваат една од битните алатки за дефинирање и спроведување на дел од структурните и институционалните реформи во земјата. Гувернерката истакна дека Народната банка од самиот почеток е активно и директно вклучена во овој процес, особено во приближувањето кон легислативата и нормите на ЕУ преку повеќе платформи, а првенствено во деловите поврзани со економската и монетарната унија, статистиката, платежните услуги и слободното движење на капиталот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Инвестирањето во човечкиот капитал придонесе просечната плата да се искачи над 26.000 денари

СДСМ: Инвестирањето во човечкиот капитал придонесе просечната плата да се искачи над 26.000 денари

ЗАРАБОТУВААТ НАЈМАЛКУ: Овие професии носат мали плати во Македонија

ЗАРАБОТУВААТ НАЈМАЛКУ: Овие професии носат мали плати во Македонија

СРЕЌНИ ПРОГРАМЕРИ - за еден месец платата им пораснала за пет илјади денари, сега земаат над 96 илјади

СРЕЌНИ ПРОГРАМЕРИ - за еден месец платата им пораснала за пет илјади денари, сега земаат над 96 илјади

Министерката Ангеловска со линк за јавниот долг ќе се бори против лажните вести

Министерката Ангеловска со линк за јавниот долг ќе се бори против лажните вести

Без влезни провизии за сите уплати во Генерали инвестментс до крајот на март

Без влезни провизии за сите уплати во Генерали инвестментс до крајот на март

Познат рокот до кога треба да се поднесат обврзниците за годишни сметки за 2019

Познат рокот до кога треба да се поднесат обврзниците за годишни сметки за 2019

ДВЕТЕ ДАМИ ВО ФИНАНСИИ ПАК НА ЖЕШКА ЛИНИЈА - колку вработувања има пред изборите

ДВЕТЕ ДАМИ ВО ФИНАНСИИ ПАК НА ЖЕШКА ЛИНИЈА - колку вработувања има пред изборите

ЗОШТО ЗАМИНУВА - шефицата на кабинет на министерката Ангеловска си поднесе оставка

ЗОШТО ЗАМИНУВА - шефицата на кабинет на министерката Ангеловска си поднесе оставка

КОЈ РЕЧЕ ДЕКА ЗАМИНАЛ ПРАВЕДНИОТ ДАНОК - Владата бара нов подобар модел

КОЈ РЕЧЕ ДЕКА ЗАМИНАЛ ПРАВЕДНИОТ ДАНОК - Владата бара нов подобар модел