29 Март, 2024
0.0239

Се обидоа да ми го згазат достоинството: Искрено интервју со Цветанка Ласкова

Објавено во: Стил, Интервјуа 13 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Како посебен советник за култура многу  е задоволна што во краток период културата од буквално заробена и исклучива -  стана слободна и европска култура. Како бизнисменка, ужасно е разочарана во судството од искуството со нејзиниот случај.

Вели,  одреден круг на лоши луѓе, се обиделе да ја дискредитираат и  што е најлошото од сѐ- посегнале по нејзиното семејство. Преживува благодарение на нејзиниот  силен дух, животно искуство и концентрирајќи се на работите кои ѝ се најважни во животот.

Цветанка Ласкова, и сега, по 47 години професионална кариера како естраден уметник, бизнисменка и сега активно вклучена во политиката ( девет години беше на чело на форумот на жени на СДСМ и три години е посебен советник за култура во Владата на премиерот Зоран Заев), не ги менува работните навики, стилот на облекување, фризурата и пријателите. Дури над дваесет години е верна на истиот парфем „опиум“ на Ив Сен-Лоран. Вели, тајната на нејзиниот дамски изглед  се должи на менталната хигиена, а не како резултат на козметички ритуали.

Во ексклузивното интервју за „Женски магазин“ кое може да го прочитате тука откри и уште дали жените го добиваат местото во политиката што го заслужуваат, дали и недостасува музиката и со кого се дружи приватно.