Се нуди награда за пронаоѓање на човекот кој го ограби музејот во Дрезден
Објавено во: Свет 29 Ноември, 2019
Германија дава награда од половина милион евра за информација за грабежот во градот Дрезден.
Потрагата по колекцијата вредна околу една милијарда евра што во понеделникот рано наутро беше украдена од Музејот во Дрезден ги мобилизира сите надлежни органи во Германија.
Полицијата и обвинителите информираа дека ќе пребараат „под секое дрво и камен“ за да го решат грабежот, а на случајот работат и 40 истражители.
„Зелениот трезор“ е основан во почетокот на 18 век и во својата ризница содржел околу 4.000 предмети од злато и драги камења.
Крадците успеале да украдат повеќе парчиња накит кои вкупно содржеле повеќе стотина дијаманти. Меѓу нив имало и меч чија што дршка имала 9 големи и 770 мали дијаманти, соопштија од музејот.
Вкупно се украдени 11 парчиња накит, а недостасуваат и поединечни делови од останатите изложени скапоцености.