25 Април, 2024
0.0297

Се намалил бројот на осигуреници, се зголемил бројот на пензионери во 2020

Објавено во: Економија 12 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување го објави годишниот извештај за 2020, според кој бројот на осигуреници за кој се плаќа придонесот се намалил за 10 илјади на крајот од минатата година. ПИОМ тврди дека ова најмногу се должи поради новонастанатите услови во пандемијата.

Бројката од 581.405 работници за кои се плаќало придонес се намалил на 571.863 осигуреници на 31 декември 2020. Од друга страна, пораснал бројот на пензионери од 322.704 на 325.125. Тоа значи дека бројот на корисници на пензија се зголемил од 555 на 569 пензионери на 1.000 осигуреници. 

Расходите за пензиско и инвалидско осигурување се зголемиле за 4 милијарди во екот на корона-кризата во ситуација кога бруто домашниот производ се намалил за повече од 33 милијарди денари. Така учеството на расходот за овие придонеси несвојствено се зголемиле од 10,5 на 11,6 отсто од БДП.

Вкупното усогласување на пензиите изнесувало минимални 1,1 отсто, а просечната старосна пензија се зголемила од 15.849 на 16.703 денари. Зависноста од државниот буџет за покривање на „дупката“ во фондот и натаму е голема и изнесува 38,43 проценти. Државата дала нешто помалку од 30 милијарди денари, или безмалку 500 милиони евра. Придонесот во 2020 беше зголемен на стапка од 18,8 отсто од бруто-платата. Вкупно за старосна пензија минатата година биле одобрени 15.468 барања.

А зголемувањето на зависноста на Фондот од буџетот од година в година се смета за клучен проблем. Меѓународните институции во неколку наврати сугерираа на зголемување на старосната граница за пензионирање но и за зголемување на пензискиот придонес, за да може да се амортизира дупката и да се зголемат изворните приходи на Фондот.

Владата засега не планира ваков потег, а од јули следната година, според законските измени, планирано е задолжително пензионирање на 64 години, освен за професорите и медицинските лица. Со овие измени со кои се укинува можноста за продолжување на работниот век до 67 години како досега, жените секако ќе имаат можност да одат во пензија и на 62 години. Со законот беа опфатени околу 10 илјади вработени во јавната администрација, кои треба да заминат во пензија. 

Во програмата на Владата стоеше и можност за откуп на стаж, но тоа засега се одложува.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ