14 Јули, 2020
0.0472

СЕ ЈАВИ МАКСО: Очекувам извинување од СДСМ, вистината за овој монтиран случај ќе излезе на виделина

Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2020

Градоначалникот на Куманово ја добил официјално веста дека против него е отфрлена кривичната пријава. 

„Сега добив информација од сајтот на Јавното обвинителство дека кривичната пријава против мене и членот на ОШЗС г-дин Стојановски е ОТФРЛЕНА. Верував и сеуште верувам во институциите и непристрасните професионалци во системот. Убеден сум дека вистината за овој монтиран случај излезе на виделина“, пишува на фејсбук Димитриевски.

Тој вели дека ќе ги преземе сите активности предвидени со закон да се лоцираат одговорните лица во постапката, кои, како што нагласува, од нив познати мотиви ги злоупотребиле сопствените службени овластувања и креирале случај за наводно сторено кривично дело, кое имало за цел јавно да го девалвира и дискредитира и да ја искриви вистината.

„За жал оваа не е прв случај во кој МВР и други државни институции се користат за политички пресметки, вршење на притисок и раскусурувања со неистомисленици, такви случаи имало и во минатото. Предходно кажав дека нема да се обесхрабрам туку дополнително ќе се мотивирам во борбата за вистината и правдата, да им служам на моите граѓани во процесот на развојот на Куманово и европска и просперитетна Македонија“, пишува Димитриевски.

Вели дека се уште го чека извештајот од инспекцискиот надзор на ДСЗИ кој до ден денешен останал тајна и за него и за јавноста, а смета дека по одлукава на обвинителството извештајот е беспредметен.

„Во следниот период ќе излезам со дополнителни правни дејствија кои ќе бидат преземени од мојот адвокатски тим, а до тогаш останувам посветен на борбата против Ковид епидемијата и развојот на Општина Куманово како мој врвен приоритет. Во минатото во неколку наврати бев предмет на оградување и прозван од раководството на мојата партија СДСМ, несакајќи да нарушам ничиј авторитет и да наштетам на сопствената партија тогаш премолчав но верував во вистината.
Тие избрзани и несреќни изјави се минато но најмалку што очекувам е извинување и подршка за расчистување на случајот до крај.
Борбата продолжува...“, пишува Димитриевски.

Можеби ќе ве интересира

Дерковски: Со прешкртана „Северна“ гласачкото ливче е неважечко

Дерковски: Со прешкртана „Северна“ гласачкото ливче е неважечко

ДЕЦАТА НАЈМАЛКУ СЕ ЗАРАЗУВААТ СО КОВИД-19 - најнови податоци на Институтот за јавно здравје

ДЕЦАТА НАЈМАЛКУ СЕ ЗАРАЗУВААТ СО КОВИД-19 - најнови податоци на Институтот за јавно здравје

Млад мотоциклист почина по судир со ауди

Млад мотоциклист почина по судир со ауди

ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ГАЛИЧКА СВАДБА ДО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: Манифестацијата не е семеен настан

ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ГАЛИЧКА СВАДБА ДО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: Манифестацијата не е семеен настан

ЗАМОР, ТЕШКО ДИШЕЊЕ, ДУРИ И ПСИХОЛОШКИ ПРОБЛЕМИ - еве што ги мачи луѓето после короната

ЗАМОР, ТЕШКО ДИШЕЊЕ, ДУРИ И ПСИХОЛОШКИ ПРОБЛЕМИ - еве што ги мачи луѓето после короната

ОЈО: Дополнителни дежурства за обвинителите

ОЈО: Дополнителни дежурства за обвинителите

Се поставува монтажно-амбулантскиoт оддел на Клиниката за пулмологија

Се поставува монтажно-амбулантскиoт оддел на Клиниката за пулмологија

Втор ден избори во Македонија: Вчера првите 723 го дадоа својот глас

Втор ден избори во Македонија: Вчера првите 723 го дадоа својот глас

Претседателот на СДСМ-Торонто вели дека полиција му упаднала во неговиот дом за да го апси

Претседателот на СДСМ-Торонто вели дека полиција му упаднала во неговиот дом за да го апси