25 Април, 2024
0.0268

Се иселуваат ама не праќаат пари за роднините дома: Личните дознаки во летаргија

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Над 344 милиони долари пратиле назад во Македонија работниците кои својот леб го вадат надвор од земјава. Толку, според податоците од Светската банка изнесуваат личните дознаки од странство во 2018 година. Во последните години, иако нема прецзина статистика, се повеќе македонски граѓани се иселија надвор од земјава, но овие трансфери немаат значаен раст.  Иако се знае дека личните дознаки се поголеми од официјално прикажаните во податоците на финансиските институции затоа што многу од парите се праќаат преку неофицијални канали, сепак јасно е дека многу од граѓаните кои во последните неколку години заминаа од земјава, својата заработка не ја враќаат назад како порано. Ова се објаснува со фактот дека најмногу од иселените заминуваат со цели семејства, па се што ќе остварат како приход, го трошат во земјата каде живеат и работат.

Податоците од Светска банка покажуваат дека личните дознаки од странство растат од 2016 година наваму или во последните три години. Претходно, од 2011 година до 2016 година имаше надолен тренд на сумата евидентирана како трансфери од странство. По години, ако во 2018 година назад во земјава се пратени 344 милиони долари, во 2017 година сумата изнесува 314 милиони долари. Во 2016 година пак, кога е дното на сумата лични трансфери во последните десет години, во земјава влегле нешто над 290 милиони долари.

Годината пред таа, личните дознаки изнесуваат 306 милиони долари, а во 2014 биле 366 милиони долари или повеќе од сумата која е евидентирана лани. Во 2013 година пак, личните дознаки изнесуваат 376 милиони долари, а во 2012 година или кога беше светската финансиска криза беа 394 милиони долари. Своевиден пик во македонската историја, оваа сума има во 2011 година кога според Светската банка, личните трансфери од македонските гастарбајтери изнесувале 434 милиони долари.

Во земјава често се зборуваше за ефектот кој овие пари го имаат за домашната економија. Познавачите тврдат дека многу повеќе пари доаѓаат по автобуси, по роднини и се разменуваат во домашните менувачници. Сепак многу од овие средства не се користат за нови вложувања, за инвестиции и нови бизниси туку за покривање на секојдневните потреби на семејствата.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?