Се иселиле 10.000 лекари за да земаат и до 5.000 евра плата
Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2018
За 20 години се претпоставува дека 10.000 лекари ја напуштиле соседна Србија.
Како што пишуваат српските медиуми, годишно околу 800 лекари бараат потврда за нивното работно искуство.
Но, има и земји кои воопшто не бараат вакви сертификати.
Германската лекарска комора оваа година потврдила дека 460 српски лекари работат кај нив.
Германците имаат потреба од лекари и затоа ги спуштиле критериумите.
Три до седум пати поголеми плати земаат лекарите во странство, односно специјалист може да заработи 4.000 или 5.000 евра.
Да се спречи одливот е тешко, освен да се зголемат платите.
фото Б92