29 Март, 2024
0.0267

Се грижам за пет деца како да сме биолошко семејство: Интервју со Љубица Аврамовска, мајка од СОС селото

Објавено во: Стил 22 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Мајка е на седум деца, две биолошки, од кои има три внуки, и пет за кои со љубов се грижи, исто како да ги родила. Љубица Аврамовска (56) од Струмица веќе девет години е мајка згрижувач со СОС детското село. Нејзините биолошки деца се веќе воразни и имаат свои семејства, а таа и сопругот во една од семејните куќи во скопската населба Ченто, се грижат за петте деца, кои се на возраст од 10 до 15 години. За Љубица, да згрижиш дете е животна мисија. Најтажна е но и најгорда кога децата ќе си заминат од нејзиниот дом за да основаат свое семејство, како што бол случај со трите девојчиња за коишто порано се грижела, а потоа се веселела на нивните свадби. За сите предизвици со кои се соочува за да ги изведе децата на вистинскиот пат, Љубица раскажа за Женски магазин.