18 Април, 2024
0.0298

Се гради социјална зграда во Велес: Дом ќе добијат 29 семејства

Објавено во: Македонија 14 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Зградата во Велес ќе овозможи дом на 29 семејства од социјално ранливите категории граѓани. Рокот на изградба е мај 2022 година, а вредноста на договорот е речиси 42 милиони денари. Според министерт за транспорт и врски Благој Бочварски  и Генералниот директор на АДИССДП, Кристијан Трајковски објектот е уште една потврда за грижата на државата за решавање на станбеното прашање на лицата на кои  им е најпотребно.

„Во моментов, во објектите од овој тип  се работи на 650 станбени единици. Годинава во буџетот на Министерството беа предвидени 134 милиони денари за реализација на овие проекти. Минатогодишните средства  за оваа намена беа целосно искористени, што е исклучително добар пример и потврда за успешно менаџирање на работите од страна на Генералниот директор Трајковски, и воопшто на АДИССДП“, рече Бочварски. 

Според Трајковски, завршени се постапките за уште 3 социјални згради, а во тек е избор на изедувач на објект од ваков тип во Дебар. На прашањето дали се размислува за обезбедување станови за времено сместување на семејства кои немаат каде да се сместат бидејќи нивните станови или куќи биле опожарени, Генералниот директор на АДИССДП одговори дека веќе имало вакви случаи и на тие лица , преку распределба од страна на  Комисијата за станбени прашања при Влада на РСМ им било овозможено времено сместување во објектите со коишто стопанисува Друштвото.

„Сите лица кои се соочиле со несреќа од ваков тип треба да се обратат до подрачните единици АДИССДП, каде нашите вработени ќе ги упатат како да го остварат ова право‘‘, рече Трајковски. 

Посочувајќи дека грижата за социјално ранливите категории граѓани е приоритетна за општеството, рече дека во моментов заедно со Министерството за транспорт и врски се работи на ново законско решение. Со него се предвидува полесен начин за откуп на социјалните станови опфатени со претходниот проект Ф/П 1340, како и на општествените станови  и тоа во насока на пониски каматна стапки и поголем број рати за отплата.


Можеби ќе ве интересира

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух