Се формира џихадистички град со кој управуваат жени
Објавено во: Свет 12 Септември, 2019
Пред очите на светот се раѓа џихадистички град под шатори, со кој раководат жени.
Кампот ал-Хол во Сирија, во кој живеат 70.000 џихадисти, станува упориште на Исламската држава.
Кон крајот на март годинава американскиот претседател Доналд Трамп прогласи триумфално дека Исламската држава е поразена. Падна и последното упориште во Ирак со кое раководеше Абу Бакр ал Багдади и тоа значеше крај на Исламската држава. Но по само неколку месеци никна злогласниот камп ал-Хол во Сирија, каде што сега живеат најмалку 70.000 лица, од кои половината се деца или малолетници. Другите се жени, сопруги на џихадистите, а 15 проценти од сите нив се странци.