СЕ ДОСЕЛУВААТ АМЕРИКАНСКИ ПЕНЗИОНЕРИ: Земја од соседството е идеална за нив
Објавено во: Балкан 05 Август, 2024
„Форбс“ пишува дека Грција е идеална за американските пензионери.
Сè повеќе американски пензионери избираат да се населат во друга држава. Според последното пребројување, на списокот на пензискиот систем имало 701.000 пензионери кои ја добиле пензијата во САД и живееле во странство, што е за 20 отсто повеќе за една деценија, анализира „Форбс“.
По азбучен ред, „Форбс“ наведува 24 земји како идеални за живеење на пензиониран државјанин на САД. 12 се наоѓаат во Европа, а меѓу нив се Грција и Кипар, пренесува То Вима.
Други параметри што ги земаат предвид авторите на листата се трошоците за живот, степенот на леснотија на добивање дозвола за престој во една земја, оданочувањето, квалитетот и цената на здравствената заштита, криминалот и политичката нестабилност, социјална изолација – особено во земјите каде англискиот јазик не е широко говорен јазик.
Во една неодамнешна анкета, рекордни 34 проценти од Американците рекоа дека ќе ги напуштат САД ако можат, а младите луѓе имаат поголема веројатност да го сторат тоа. „Форбс“ објави листа на најдобри места за живеење на американски пензионер. Тоа е прва листа од почетокот на пандемијата во 2020 година и прва таква листа на „Форбс“ што ги зема предвид климатските промени и потенцијалот за природна опасност во странство. Тоа е главната причина зошто Филипините, на секоја листа за пензионирање на странци на „Форбс“ од 2011 година, ги нема.