20 Април, 2024
0.0279

СЕ ЧЕСТВУВА ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ: „Треба да ни останат патоказ за тоа како да истраеме и како индивидуи и како нација“

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Ние имаме особен долг и благодарност кон нивното дело, кое е наш духовен и културен темел, но и светоглед и залог за иднината. Св. Кирил и Методиј се и треба да ни останат патоказ за тоа како да истраеме и како индивидуи и како нација, напиша претседателот Стево Пендаровски во честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

-Денот посветен на солунските браќа, кои не само што ги поставија темелите на духовноста и на писменоста кај словенските народи туку и инаугурираа идеи и дела исполнети со хуманост и со човекољубие и коишто имаат почитувачи и следбеници ширум светот, за нас е повеќе од празник. Ние имаме особен долг и благодарност кон нивното дело, кое е наш духовен и културен темел, но и светоглед и залог за иднината. Св. Кирил и Методиј се и треба да ни останат патоказ за тоа како да истраеме и како индивидуи и како нација, напиша  Пендаровски.

Тој посочи дека и единаесет века по упокојувањето на Св. Кирил и Методиј, поборниците за вистината и неуморните заштитници на послабите и на обесправените, сѐ уште се живи нивните дела и нивните мисли, но, за жал, живи се и догмите против коишто се бореа.

-Сѐ уште има такви коишто си земаат за право да имаат ексклузивитет врз општите и заеднички добра и се обидуваат да ги потчинуваат и условуваат останатите. Напредокот и добросостојбата се можни само со споделување на заеднички вредности, со давање и со помагање, а не со алчност, себичност и со доминација. Токму тоа најдобро го покажа делото на Св. Кирил и Методиј. Нека ни е честит 24 Мај, Денот на Св. Кирил и Методиј, посочи во честитката претседателот Пендаровски

Денеска се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај. На почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Св. Кирил на 27/14 февруари и на Св. Методиј на 19/6 април, но подоцна се увидела потреба за нивен заеднички празник.

Родени се во Солун, во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија.

За двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна и за иднината на сите Словени. Иницијатива за оваа мисија дал моравскиот кнез Ростислав кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземал мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија. Замолил да му испратат луѓе кои божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но, и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. Тие мисионери биле Кирил и Методиј.

Тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата), за првите преводи од грчки на словенски јазик Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината.

Кирил починал во Рим на 27/14 февруари 869 година и денес неговите мошти почиваат во римската црква „Свети Климент“. Методиј починал на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград. По смртта на Методиј неговите ученици останале без заштита. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, други протерани на југ. Светите Климент и Наум делото на своите учители го продолжиле на брегот на Охридското Езеро во древниот град Охрид.

Во согласност со Законот за празниците во земјава, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани

ФОТО: МИА

Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам