СЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ: Даваат плата од 600 евра, храна и сместување
Објавено во: Финансии 22 Мај, 2018
И во соседна Србија се бараат работници.
Во повеќе села во Србија се нуди работа собирање малини, а никој не се нафаќа иако платата е добра.
Се нуди дневница од 20 евра, а ако се земе в предвид дека се берат малини секој ден 30 дена, тоа се 600 евра месечно. Воедно има и сместување кое е бесплатно и три оброци на ден.
Има и пауза од два часа во најтоплиот дел од денот, поради заштита.
Сопствениците на малини раскажуваат дека никој не се нафаќа на работата иако е добро платена и со добри услови.
Oвој проблем се повторува секоја година во бербата.