28 Март, 2024
0.0252

Се бара укинување на законот кој ќе им ги зголеми давачките на пазарџиите од 2020 година

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Организаторите на пазари бараат да се укине законот за трговија на зелените пазари. Велат дека овој закон за пазарџиите наметнува давачки кои ги нема во Европската унија, и дека дополнително ќе влијае на пад на прометот на зелените пазари, како и на намалување на бројот на пазарџиите.

Овој закон треба да влезе на сила од јануари следната година. Од Групацијата на организатори на пазари при Стопанската комора стравуваат дека тогаш може над 6.000 тезгаџии да излезат од пазарите, со што автоматски ќе влезат во зоната на сивата економија. 

Според нив, покрај овој закон кој наметнува зголемени давачки, пазарџиите имаат и голема конкуренција од супермаркетите, каде што се нудат овошје и зеленчук. 

„Вкупниот број на трговци на на тезги и пазари ќе се намали за најмалку 25 отсто. Нивното исклучување од дејноста, покрај загуби за трговците, би предизвикало големи загуби и за организаторите и би довело до намалување на нивните приходи по основ на закупнина, испразнување на тезгите и дополнителни трошоци, а со тоа и до тешкотии во работењето и намалување на бројот на работните места кај организаторите. Дополнително, тоа ќе доведе и до зголемување на сивата економија и намалување на приходите на државата по основ на даноци“, рече Даниела Михајловска-Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Според организаторите, работењето на пазарите е регулирано со многу закони. Сметаат дека во законот за трговија на зелените пазари има голем број недоречености и не се добива ништо повеќе во регулирањето на дејноста, туку само се востановува комора, преку која се наметнуваат неекономски давачки за пазарџиите.

„Не сме против фискализација и лиценцирање на пазарџиите. Лиценцирањето може да се реши преку државна институција каде што ќе бидат утврдени посниски цени,а  пазарџиите ќе имаат доверба. Значи нема потреба од постоење комора кога тие обврски може да ги вршат надлежни државни институции“, смета Михајловска.

Законот за тргување на зелените пазари беше донесен уште во јануари 2018 година и требаше да почне да се применува од стартот на оваа година. Но, по бројни реакции и протести на пазарџиите, Владата реши да ја одложи примената, односно тој да стапи на сила од почетокот на наредната година. Но, тоа одложување ќе престане да важи за околу два месеци, што значи дека законот ќе мора да почне да се применува од први јануари 2020 година.

Сега организаторите на пазари велат дека доколку Владата и Собранието не прифатат укинување на законот, тие се подготвени да понудат измени кои би помогнале законот да биде сеопфатен за дејноста, и би се ревидирале сите спорни одредби.

Повеќе од 15 илјади тезги сега се активни на зелените пазари. 


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат