СДСМ ЗА ЗАПАЛЕНИТЕ АВТОМОБИЛИ: Toa e доказ за каква обнова се залагаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2019
По инцидентот кој утрово се случи во Штип, каде со молотови коктели се запалени возила, се јавија со реакција од СДСМ.
Палењето автомобил на членови од СДСМ е доказ за обновата за која се залага опозицијата, велат од владејачката партија.
За опозицијата, обновата значи обнова на поделбите и насилство врз неистомислениците, додаваат од СДСМ.
„Последниот инцидент во Штип каде е запален автобомилот на членови на СДСМ е доказ за тоа за каква обнова се залагаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Костадинов рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се единствените кои се против НАТО, против ЕУ, против реформите и интересите на државата.
Во Штип утрово се запалени пет возила, а од нив три целосно се изгорени, додека две делумно. Меѓу возилата кои целосно изгореле се двете возила на семејството Тушеви.Ова не е прв случај на палење автомобили во населбата Сењак.