20 Април, 2024
0.0314

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за попис

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Oд СДСМ реагираат дека ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција и затоа шири лажни информации. 

Пописот е неопходна статистичка операција за да може да се реализира плански развој на целото општество и тоа им е јасно на сите освен на ВМРО-ДПМНЕ, која нема никаков кредибилитет да зборува за попис, се вели во реакцијата на СДСМ на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Цели 11 години додека беше власт ВМРО-ДПМНЕ не успеа да организира попис, а дури и оној што го почна, поради политички калкулации го прекина, а потроши над 3 милиони евра народни пари. Денес како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ лаже дека не била консултирана и дека не ѝ бил оставен простор за забелешки во однос на законите.За разлика од пропаднатиот попис во 2011, сега целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарента, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен Евростат. Пописот беше најавен уште минатата година, а 2020 година е годината кога би требало да се реализира согласно меѓународните препораки“, наведуваат од партијата. 

Од СДСМ велат дека за надминување на какви било пречки и негово успешно реализирање до крајот на месецов се спроведува и пробен попис во 13 општини. Додаваат дека очајните закани, лажни вести на Христијан Мицкоски за наводни редефинирања преку пописот, покажуваат дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува. Опозициската партија останува носител на деструкцијата, носител на лажните вести и манипулациите, се вели во реакцијата на СДСМ.

Oд ВМРО-ДПМНЕ претходно реагираа за попишувањето со матични броеви. 

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?