20 Април, 2024
0.6283

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и другите, добија „трета рата“ државна помош

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Политичките партии пред две недели добија уште една рата државна помош од буџетот. Оваа е трета и последна за годинава, а наедно и најмала. Преку Министерството за правда пари добиле речиси сите партии, па така од платформата „Отворени финансии“ може да се види дека ВМРО-ДПМНЕ во енергетската криза инкасирало добредојдени 25.000 евра, кај СДСМ легнале 22.500 евра, понатаму ДУИ скоро 12.000 евра и така со ред. Политичката партија „Демократи“ добила дури 60.000 евра.

Од Владата велат дека станува збор за преостаната сума од 4 отсто од предвидениот колач кој годинава треба да го делат политичките партии, додека останатите 96 отсто претходно беа исплатени во два наврати.

„Ве информираме дека средства за редовно годишно финансирање во износ од 60 отсто од средствата за годишно финансирање на политичките партии им беа исплатени во месец мај. Додека, делот од 36 проценти од средствата за годишно финансирање на политичките партии им беа исплатени во месец август. Останатиот дел од 4% од средствата за годишно финансирање на политичките партии им беа исплатени на втората недела од ноември.

Ви укажуваме дека исплатата во ноември се однесува на третата рата од редовното годишно финансирање, а не станува збор за вонредно финансирање“, гласи одговорот кој го добивме од Владата.

Доколку се пресмета вкупната сума која ја добиле најголемите партии со последната рата, ВМРО-ДПМНЕ избива прв со повеќе од 1,2 милиони евра за една година. СДСМ во 2022 „ќе заработи“ 1,15 милиони евра. ДУИ би била трета со околу 550.000 евра. Добар ќар на пример има и Левица со нешто повеќе од 200.000 евра, што е многу повеќе од лани. Исто така далеку подобра сума има и Алтернатива, новиот коалиционен партнер во власта, со повеќе од 140.000 евра.

Може да се заклучи дека сумите за сите политички партии се значително поголеми од лани. Тука не влегуваат парите кои дополнително ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Беса ги добиваат за партиските истражувачки центри. Според претходните медиумски истражувања, во претходните две пандемиски години, во партиите се влеаја по околу 3,5 милиони евра буџетски средства. Најмногу, барем досега, добиле во 2019 година – околу 5 милиони евра

Сумите кои се исплаќаат се различни од година во година и тоа се должи на измените на процентот од Буџетот кои се одвојуваат за партиите како и висината на самиот Буџет. Според постоечките законски регулативи 30 отсто од предвидените пари се за партиите кои на последните локални или парламентарни избори освоиле најмалку 1 отсто од излезените гласачи и се делат подеднакво а 70 отсто се за партиите кои на поседните парламентарни или лоаклни избори освиле пратенички, градоначалнички или советнички мандат.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор