СДСМ: Растот на платите дополнително ќе се интензивира
Објавено во: Економија 23 Јануари, 2019
Продолжува трендот на раст на платите што е уште еден показател дека економијата конечно е стабилизирана и поставена на здрави основи, велат од владеачката партија по објавените податоци од Статистика за ноемвриската плата од минатата година.
Според офцијалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во ноември 2018 година изнесува 24.584 денари што за 5.8 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2017 година.
„Во апсолутен износ, просечната плата во ноември 2018 е поголема за 1.352 денари во однос на ноември 2017 година.
Ваквиот тренд на раст на платите ќе продолжи и натаму и дополнително ќе се интензивира. За оваа година, предвидено е уште едно зголемување на минималната плата што дополнително ќе ја отвори спиралата на раст на платите.
Со Буџетот за 2019 предвидено е зголемување на платите во сите сектори, а преку зголемената државна поддршка кон претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор“, велат од СДСМ.
Од партијата на премиерот Заев посочуваат дека СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, останува посветена на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисоки плати за граѓните, со крајна цел просечната плата до крајот на мандатот да изнесува 500 евра, онака како што беше ветено пред граѓаните.