СДСМ најавува 23 милијарди денари за капитални инвестиции во 2021
Објавено во: Економија 18 Јануари, 2021
СДСМ најавува 23 млијарди денари за капитални инвестиции од Буџетот за 2021 година за капиталните инвестиции, а како што велат од владеачката партија, тоа е за 20 проценти повисоко во однос на минатата година.
„Во моментов, 840 милиони евра се инвестираат во изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава. Се градат над 59 километри автопати, над 104 километри експресни патишта и 20 километри локални патишта. За оваа година планирани се нови 25 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од 12,7 милиони евра. Истовремено, во тек се 30 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од околу 14 милиони евра“, соопштуваат од таму, од каде дополнуваат дека ќе има инвестиции и во социјалните станови и во гасификацијата.
Инаку министерот за финансии Фатмир Бесими исто така најави дека во првиот квартал од 2021 година ќе се стабилизира економијата со закрепнување од ковид-кризата со паралелно инвестирање на 85 милиони евра од државниот буџет за поддршка на економија, здравствениот сектор и социјални категории, како и со новиот пакет на економски мерки. – Тоа што е важна порака до стопанствениците и граѓаните е дека ние во секојдневна основа ги следиме движењата, слушаме, добиваме одредени сугестии, правиме анализи и навремено ќе излеземе со одредени мерки, како што беше 2020. По сите извештаи на ММФ и на други релевантини институции и ефектот на микроекономски политики и мерки даде резултат во ублажување во ефектот од кризата што го имаше во нашата економија и нашиот живот, рече Бесими.