15 Август, 2020
0.0432

СДСМ: Барањето за автентично толкување е поднесено, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го гласаат

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2019

СДСМ поднесе Барање за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, за да се спречат најавите да се врати незаконската аболиција на Иванов, соопштуваат од партијата, и ги повикаа параментарните избраници од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за истото во Собранието.

Од „Бихаќка“ велат дека ова е шанса за пратениците на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да покажат дали се за правда или ќе слугуваат на криминалците.

„Христијан Мицкоски нека ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Барањето. За предметите за кои се води постапка пред СЈО а сега се преземени од ЈО правда мора да има. ВМРО-ДПМНЕ стои зад иницијативата пред Уставниот суд која има за цел да ја оживее аболицијата на Ѓорге Иванов против која застанаа сите слободоумни граѓани освен режимската ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Владејачките пратеници ја послушаа министерката за правда Рената Дескоска, па веднаш по нејзиниот повик, пратеничката група на СДСМ поднесе Барање за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување. На тој начин треба да се спречи да оживеат помилувањата кои пред неколку години ги даде екс претседателот Ѓорге Иванов, со што би се ослободиле сите осомничени и обвинети за кривичните дела кои произлегоа од бомбите. 



Можеби ќе ве интересира

Ќе се пролонгира почетокот на учебната година најмалку до средината на септември

Ќе се пролонгира почетокот на учебната година најмалку до средината на септември

Груби: Лажните вести произведени од албанската опозиција ги поткопуваат преговарачките позиции на ДУИ

Груби: Лажните вести произведени од албанската опозиција ги поткопуваат преговарачките позиции на ДУИ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште нема договор за Влада, а Трифун Костовски најави дека ќе тужи

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште нема договор за Влада, а Трифун Костовски најави дека ќе тужи

СДСМ демантира дека со ДУИ договориле премиер

СДСМ демантира дека со ДУИ договориле премиер

Долго се држеше, но сега Пехчево има два активни случаи на коронавирус

Долго се држеше, но сега Пехчево има два активни случаи на коронавирус

Има договор за премиер?

Има договор за премиер?

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи

КОВИД СОСТОЈБА: Нови 160 заразени, 3 починати и 368 оздравени пациенти

КОВИД СОСТОЈБА: Нови 160 заразени, 3 починати и 368 оздравени пациенти

Еве кој ќе може да влезе во Грција без тест

Еве кој ќе може да влезе во Грција без тест