20 Април, 2024
0.0295

Савка Димитровска за Фактор: Најважно е да има мерки за задржување на работните места

Објавено во: Економија 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Станува збор за сериозна криза која секако се рефлектира во домашната економија особено во некои сектори и потребно е будно да се следат сите влијанија и навремено да се реагира. Поранешниот и долгогодишен прв човек на домашната кондиторска компанија Европа, Савка Димитровска во изјава за Фактор вели дека државата мора да се фокусира на тоа да не се изгубат работни места, па сугерира мерките кои ќе се носат да се насочени кон  субвенционирање на придонесите и други трошоци за вработените.

„Треба да се направи опсежна анализа која компанија во каква состојба е, имаме извештаи, дополнително да се анализира во погодените сектори и итно да се носат мерки кои ќе озвоможат да не се губат работните места. Да се слушаат фирмите и експертите и да се реагира на дневна основа, вели Димитровска.

Како долгогодишен бизнисмен, сега е во пензија, вели дека прехранбената индустриј сега  не е значајно засегната, но вели дека стравува оти ширењето на вирусот може да ги погоди и овие фабрики. 

„И од здравствен аспект, замислете еден од погоните да е болен и да се заболат сите. Тоа ќе биде страшно и фабриките ќе се затвораат, додава таа.

Самата долги години членува во Надзорниот одбор на Комерцијална банка па вели дека е добро што банкарскиот сектор е стабилен и им излегол во пресрет на граѓаните и на фирмите.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ