28 Март, 2024
0.0260

Сава пензија плус одбележува 10 години доброволно пензиско осигурување во Македонија

Објавено во: Мои пари 15 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Сава пензија плус одбележува 10 години доброволно пензиско осигурување во Македонија

Повеќе од 10 илјади членови и повеќе од 14 милиони евра средства под управување за 10 години работа на доброволниот пензиски фонд*.

Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Сава пензиско друштво а.д. Скопје денес прославува 10 години од извршената прва уплата во Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус.

Сава пензија плус е прв формиран доброволен пензиски фонд во Република Северна Македонија, со  дозвола за управување добиена во 2009 година. Првата уплата на доброволен пензиски придонес била реализирана пред точно 10 години на 15.07.2009 година.

Доброволното пензиско осигурување кое го нуди Сава пензиско друштво а.д. Скопје за индивидуално членување и професионално членување преку компании, е високо регулиран финансиски производ на пазарот кој овозможува долгорочно штедење на средства за дополнување на идната пензија. Штедењето во доброволен пензиски фонд или таканаречен трет пензиски столб е дополнително стимулирано од државата преку даночни бенефиции.

Во текот на овие 10 години работење 10.308 членови* искажаа доверба дел од своите заштеди да ги вложат во доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус. Нивните заштедени пари заедно со остварениот принос од вложувањата достигнаа нето вредност 859,36 милиони денари*. Од Сава пензиско друштво а.д. Скопје се особено горди на постигнатиот просечен годишен принос* остварен од инвестирање на средствата уплатени од страна на членовите за минатите седум години (од 30.06.2012 до 30.06.2019)кој изнесува 6,38% номинален**, односно 5,47% реален**.

„Досегашниот остварен принос е резултат на соодветно поставената Стратегија за инвестирање која се реализира преку избор на квалитетни финансиски инструменти и напредни техники на управување со портфолио и управуање со ризици од страна на нашиот стручен тим на професионалци. Средствата на пензискиот фонд, покрај во домашни обврзници и депозити во домашни банки се инвестирани во квалитетни странски и домашни компании со добри долгорочни перспективи, висока профитабилност и солидни дивидендни приноси. Визијата на Сава пензиско друштво а.д. Скопје е да биде препознаено по грижата за своите членови, транспарентноста и високите морални вредности, како и по својата активна улога во одржливоста на пензискиот систем, човечката околина и општеството во целина.“ по повод јубилејот изјави г-ѓа Мира Шекутковска, Претседател на Управниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Покрај управувањето со првиот доброволен пензиски фонд, Сава пензиско друштво а.д. Скопје управува и со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, со средства под управување на 30.06.2019 година од 32.943,68 милиони денари (над 500 милиони евра)  и со 238.732 членови.*

Друштвото е членка на словенечката Сава Осигурителна Групација која брои 22 членки од осигурителниот бизнис и бизнисот со управување со средства, а во Македонија, покрај Сава пензиско друштво а.д. Скопје, дел од Групацијата е и Сава Осигурување АД Скопје. Официјален деловен соработник на Сава пензиско друштво а.д. Скопје е и НЛБ Банка АД Скопје.

Со почит,

Сава пензиско друштво а.д. Скопје

*Извор. Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

**Надоместоци кои се наплатувани за периодот за кој се објавува приносот на Сава пензија плус се:

-  Надомест од уплатен придонес (30.06.2012-31.12.2016 = 3,8% за сите членови; 01.01.2017-30.06.2019 =2,9% за индивидуални членови и максимум 3,8% за членови на професионални пензиски шеми)

-  Месечен надомест од нето средствата на пензискиот фонд = 0,1%

-  Надомест за премин = 10 ЕУР за членови пократко од една година

-  Извор. Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување www.mapas.mk

-  Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со доброволниот пензиски фонд.

Можеби ќе ве интересира

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира