САУДИСКИОТ ПРИНЦ ЗА УБИСТВОТО НА КАШОГИ: Целата одговорност е моја
Објавено во: Свет 26 Септември, 2019
Саудискиот принц Мохамед бин Салман рече дека тој е одговорен за убиството на новинарот Џамал Кашоги.
„Тоа се случи под мојот нос. Целата одговорност е моја, затоа што се случи под моја стража“, вели принцот во документарецот на ПБС кој треба да биде емитуван на 1 октомври, на годишнината од смртта на новинарот.
И пкрај обвинувањата на ЦИА дека убиството го нарачал токму тој, принцот во интервјуто го негира тоа. На прашањето како е возможно да не знаел за убиството, вели дека Саудиска Арабија има 20 милиони граѓани и три милиони вработени.
Саудиска Арабија и понатаму инсистира дека ни принцот Мохамед бин Салман ни кралот Салман не знаеле ништо за планираното убиство на Кашоги. Американските разузнавачки служби, тврдат дека таква мисија, во рамки на која дури 15 саудиски агенти одлетале од Ријад за Истанбул непосредно пред убиството, не можела да биде извршена без одобрување на принцот Бин Салман.