20 Април, 2024
0.0272

САУДИСКА АРАБИЈА ВНИМАТЕЛНО БАЛАНСИРА МЕЃУ БАЈДЕН И ПУТИН: Ријад побара од Москва дозвола за зголемување на производството на нафта

Објавено во: Економија 01 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Саудиските власти користат дипломатски напори зад сцената за да го зачуваат повеќедеценискиот нафтен сојуз со Русија, истовремено искористувајќи ја можноста за подобрување на односите со САД.

На притисокот на Саудиска Арабија за побрзо зголемување на производството на нафта од страна на членките на групата ОПЕК Плус, договорено овој месец, му претходеше „скриената“ дипломатија за да ја натера Русија да го поддржи потегот, што следеше по повиците од Соединетите држави за повеќе испораки, изјавија за Ројтерс два извори запознаени со случајот. Групата ОПЕК плус - која се состои од 13 членки на Организацијата на земјите извознички на нафта и неформална група на земји кои не се членки на ОПЕК на чело со Русија - вчера одржа онлајн состанок и ја потврди одлуката донесена на 2 јуни дека во јули и август тие ќе испратат нафта на пазарите, односно дополнителни 648.000 барели нафта дневно, што е повеќе од претходниот план, кој предвидуваше зголемување од 432.000 барели дневно. Најголем дел од дополнителното производство доаѓа од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Одлуката беше поздравена од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, кој кон средината на овој месец ќе ја посети Саудиска Арабија во рамките на турнејата на Блискиот Исток, за прв пат по преземањето на функцијата.

Дипломатијата зад сцената, опишана од изворите на британската агенција, укажува дека Ријад е принуден да ги балансира напорите за подобрување на заладените односи со САД, а во исто време да го поддржува нафтениот сојуз со Русија на кој таа работеше со децении.

Вчера, на последниот ден од самитот на НАТО во Мадрид, Бајден изјави дека при посетата на Саудиска Арабија нема директно да бара од лидерите во Ријад дополнително да го зголемат производството на нафта. „Им посочив дека мислам дека сите треба да го зголемат производството на нафта воопшто, а не особено Саудијците“, им рече Бајден на новинарите.

Сепак, извор на Ројтерс, кој сакал да остане анонимен, рече дека САД инсистираат на зголемување на производството на групата ОПЕК плус. „САД се залагаа за тоа. Тогаш Саудијците мораа да проверат со Русија и се чинеше дека се во ред со тоа“, вели изворот.

Друг извор, исто така, изјави за британската агенција дека Ријад тесно се консултирал со Москва, која е под зголемен притисок од американските санкции воведени поради инвазијата на Украина.

Американските демократи бараат од Бајден да изврши притисок врз Ријад да ја исфрли Москва од групата ОПЕК +, но за Саудијците тоа би значело напуштање на долгогодишните напори за вклучување на Русија во производниот договор.

ОПЕК плус беше формиран во 2016 година, но Ријад работеше со години пред тоа на воспоставување соработка меѓу двата најголеми светски производители на нафта.

„Беше многу важно да се задржи Русија во групата ОПЕК Плус“, изјави еден делегат од групата за Ројтерс, потврдувајќи ги коментарите на аналитичарите кои тврдат дека Саудиска Арабија сака да ја задржи Русија повеќе за да го зголеми своето влијание на нафтените пазари отколку од какви било политички причини.

Извор запознаен со начинот на размислување на Русија изјави дека Москва има корист од членството во ОПЕК во време кога Западот сака да ја изолира поради Украина.

„Саудијците уживаат високи цени, додека на Русите им е потребна загарантирана поддршка од ОПЕК плус во сегашните околности“, рече изворот. „Никој не се грижи за колапс на пазарот“.

За време на неговата посета на Ријад, Бајден ќе се сретне со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, де факто владетел на кралството чии односи со американскиот претседател се затегнати поради бројни прашања, од убиството на саудискиот новинар во Турција до војната во Јемен. За време на турнејата, Бајден ќе се сретне и со други лидери од Персискиот залив.

Од друга страна, руски извор тврди дека односите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и саудискиот престолоналсеник Мохамед бин Салман се „прилично интимни“.

Генералниот секретар на ОПЕК Мохамед Баркиндо претходно овој месец го опиша партнерството ОПЕК плус како „засолниште и светилник на стабилноста и покрај геополитичките превирања“. Тој конкретно не ја спомна Русија. Ветеранот аналитичар на ОПЕК Гери Рос рече: „По повеќе од 20 години обид да ја вклучи Русија во управувањето со нафтениот пазар, Саудиска Арабија нема да се откаже од ова важно партнерство“.

ФОТО: EPA

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите