Саудиска Арабија почна воена интервенција за да се одмазди
Објавено во: Свет 20 Септември, 2019
Ријад почна со одмазда кон Хутите во Јемен.
Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија почна воена операција против бунтовниците Хути во близина на јеменскиот град Ходеида. Се уништуваат места од каде што бунтовниците лансираат балистички проектили и дронови во Саудиска Арабија. Хутите пред неколку дена извршија напади со дронови во Сaудиска Арабија, а цели беа важни нафтени објекти.
Коалицијата соопшти дека уништила четири места што служеле за склопување на далечински управувани пловни објекти и морски мини за да се заштити слободата на навигацијата.
Сунитската муслиманска коалиција, во март 2015 година интервенираше против јеменските Хути, откако ја собори меѓународно признатата влада во Сана на крајот на 2014 година.