Сашо Мијалков се пријави во судот, бил во изолација
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2021
24 ТВ објави ексклузивно видео во кое се гледа дека екс директорот на УБК, Сашо Мијалков се пријави во судот.
Тој рече дека имал температура, бил во изолација, и се извини на целата македонска јавност. Јавно повтори дека никогаш нема да побегне.
„Навистина ми е жал за ова што се случи“, рече тој.
За него полицијата распиша меѓународна потерница.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изјави дека Мијалков е во државата.