25 Април, 2024
0.0316

Сашо Мијалков не повлекол пари од своите сметки во земјава пред да исчезне, тврди Обвинителството

Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Каде бил во двата дена во кои ја крена на нозе цела Македонија, како потоа одеднаш се појави и сам дојде во Обвинителството за да си го земе решението за куќен притвор, дали навистина заминал во странство па се вратил, бил ли болен и како одеднаш температурата му се спуштила од 40 степени на нормална телесна, и дали пресудни биле предупредувањата дека членовите на неговото семејство можат да одговараат за помагање при бегство, но и да му се конфискува имотот, се работи кои ќе ги покаже некоја понатамошна истрага. 

Екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков предизвика бура и револт во јавноста, а веќе утре ќе треба да ја слушне пресудата за Таргет Тврдина.

Меѓу другите прашања што си ги поставуваат граѓаните, со оглед што во целиот овој случај имаше бројни контрадикторности, е и она дали тој пред исчезнувањето повлекол пари од своите сметки кои ги има во домашните банки. И дали од тие средства имало трансфер на сметки во странство.

Како што е познато, секоја трансакција над 15.000 евра која се случува во банките, тие се должни да ја пријават во Управата за финансиско разузнавање, а таа, пак, оваа информација веднаш ја испраќа до Јавното обвинителство.

Дали во изминатиот период Мијалков повлекол пари од своите сметки, Фактор ја праша Управата за финансикса полиција, но и Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.

Од Обвинителството за Фактор велат дека таму не пристигнале информации за повлекување на средства од сметките на Мијалков, иако не добивме одговор дали обвинителството ги следело неговите сметки.

„Во обвинителството не се пристигнати информации од Управата за финансиско разузнавање во врска со повлекување на средства од домашните банки или за евентуален трансфер на пари во странство поврзани со лицето за кое покажувате интерес“, се вели во одговорот што го добивме оттаму.

Според Обвинителството за организиран криминал, тие постапиле при првата индиција за бегство на Мијалков.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција при утврдување на првата индиција за бегство на обвинетиот постапи согласно своите надлежности и врз основа на тоа на обвинетиот Основниот кривичен суд му определи мерка куќен притвор“, се вели во одговорот што го добивме од Обвинителството.​

Од Управата за финансиско разузнавање, пак, ни изјавија дека станува збор за класифицирани информации.

„Согласно член 114 од Законот за спречувње пари и финансисрање тероризам, податоците, информациите и документацијата кои ги прибира, анализира, обработува и доставува Управата согласно со закон се класифицирани, за кои е утврден соодветен степен на класификација согласно со прописите за класифицирани податоци. Токму и од овие причини директорот како и сите вработени во Управата подлежат на соодветни безбедносни проверки согласно со прописите за безбедност на класифицирани информации и потребно е да имаат безбедносен сертификат.

Имајќи го предвид позитивното законодавство во нашата држава би сакале да Ве увериме и Вас и пошироката јавност дека по се она што било надлежност на Управата е соодветно постапено, во согласност со законските рокови како и во рамки на законските надлежности“, се вели во одговорот што го добивме од УФР.

Инаку, Управата е единица за финансиско разузнавање основана за со цел за прибирање и анализа на извештаи за сомнителни трансакции и други информации од значење за спречување и откривање перење пари и финансирање на тероризам и доставување на резултатите од анализата и други дополнителни релевантни информации до надлежните органи кога постојат основи за сомневање за перење пари и финансирање на тероризам. Надлежноста и начинот на работа на Управата е пропишан со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам. 

А како што е познато, како еден од пропустите што придонесоа да не се спречи бегството на Никола Груевски, е фактот што тогашното СЈО не реагирало на повлекувањето на поголем износ пари од негова страна, иако добиле такви информации. Тоа вчера го кажа и министерот за внатрешни работи во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ. Затоа тој смета дека за ова бегство не требало да понесе одговорност.

„Да преземам морална одговорност за тоа што го работат секторите со кои што раководам. Ако има пропуст, да, но таму нема пропуст. Истрагата ако покаже одговорност кај било треба даима не морална, политичка, туку кривична одговорност. Бегството на Груевски е нешто што најмногу не разочара сите нас – и политичарите и граѓаните. Тој беше олицетворение на криминалот. И тогаш истата ситуација се случува. Имаме состојба во која што тој вади голема сума на финансиски средства, Управата за финсиско разузнавање тоа го следи, ја доставува информацијата до Јавното обвинителство, до Катица Јанева и не се презема ниту една мерка да се обезбеди заштита. Уште тогаш се сеќавате дека јас реков дека почнувам да се сомневам во СЈО“, рече Спасовски.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови