20 Април, 2024
0.0251

Сашко Николов, кандидатот за градоначалник на Штип, инсистира на локални избори во општината

Објавено во: Агробизнис 06 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Пратеникот на СДСМ и кандидат за градоначалник на Штип, Сашко Николов, инсистора да се одржат локалните избори во оваа општина на 13 декември и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот тие да се одложат поради пандемијата и се поголемиот број на позитивни на Ковид-19.
„ Да се има избори во Штип значи нови заразени и мртви во Штип од корона. Не постои нешто како сигурни избори и заштитено здравје. Или ќе има избори и многу заразени и мртви или ќе има одложени избори и заштитено здравје“, гласи последната реакција на ВМРО-ДПМНЕ по одлуката да побара одложување на гласањето.
Синоќа Николов на својот профил на Фејсбук објави дека како медицинско лице цврсто стои позади тоа дека секој ќе може, како што вели кардиологот, безбедно да го оствари своето право на глас.
„Што е апсурд? Да организираш протести, масовни собири, деструктивно да ја кочиш набавката на опрема за ковид амбуланти. Апсурд е колективното, константно прекршување на здравствените протоколи и мерки од страна на ВМРО - ДПМНЕ.

Апсурдно е и тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ, дека јас, како стручно лице, здравствен работник, не се грижам за здравјето на граѓаните. И денес, како пратеник и како кандидат за Градоначалник, редовно ординирам во кардиолошкото одделение во КБ Штип. Целото мое слободно време го користам да помогнам и да дадам допринос во здравствениот систем, а со тоа да помогнам на сите граѓани и здравствени работници, во справување со оваа пандемија.

Како здравствен работник цврсто стојам позади тоа дека локалните избори во Штип, ќе се изведат со целосно почитување на мерките и здравствените протоколи и дека секој ќе може безбедно да го оствари правото на глас“, напиша Николов во дел од својот статус на Фејсбук.
Во Штип и во Пласница на 13 декември предвидено е да се одржат предвремени локални избори откако градоначалниците Благој Бочварски и Исмаил Јахоски станаа министер за транспорт и врски и пратеник.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари