06 Јуни, 2020
0.0513

„Сардич“ бара 350 милиони евра отштета од Македонија

Објавено во: Економија 24 Мај, 2019

Украинската компанија „Сардич“, на која Влдата на РСМ и ја одзеде концесијата за експлоатација на рудникот Казандол во Валандово поради незадоволување на стандардите, бара отштета од 350 милиони евра од Македонија, објави МКД.мк. Владата во спорот ја ангажирала адвокатската канцеларија „Вајт енд кејс“ од САД.

Адвокатската канцеларија е една од најуспешните кога станува збор за арбитражни постапки, а понуди биле доставени и од адвокатските канцеларии „Маер Браун“ (Маyer Brown) од Франција, „Орик“ (Оrrick)  и „Мекдермот Вил енд Емри“ (McDermot Will&Emery) од СР Германија и „Дешерт“ (Dechert) од Франција. Во координативното тело на Владата за следење на арбитражни постапки членуваат вицепремиерот Кочо Анѓушев, министрите Драган Тевдовски и Крешник Бектеши, како и државниот правобранител Фахми Стафа. Од Владата не ја кажуваат цената за оваа услуга.

Пред повеќе од една година Владата еднострано го раскина Договорот за концесија, а инвеститорот реагираше дека ќе претрпи огромна материјална штета проценета на преку 380 милиони евра. 

Според проектот на „Сардич“, Казандол требаше да биде прв современ рударски комплекс изграден на Балканот по 40 години и експлоатацијата на катоден бакар со чистота 99.99% требаше да започне уште лани.

Арбитражната постапка ќе се води пред Меѓународниот центар за инвестициски спорови во Вашингтон, САД.


Можеби ќе ве интересира

Загрозени 40.000 работни места во Македонија

Загрозени 40.000 работни места во Македонија

НАЈСЛАБ РАСТ ОД 2009: Aвстралија влезе во рецесија

НАЈСЛАБ РАСТ ОД 2009: Aвстралија влезе во рецесија

СТАТИСТИКА: Во Македонија невработеноста е 16.2 отсто

СТАТИСТИКА: Во Македонија невработеноста е 16.2 отсто

Kaко Меркел ќе ја спаси Германија од корона кризата?

Kaко Меркел ќе ја спаси Германија од корона кризата?

ПАНДЕМИЈАТА СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО: Затворени вратите за работа во Германија и Австрија

ПАНДЕМИЈАТА СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО: Затворени вратите за работа во Германија и Австрија

НИЗ СКОПСКИТЕ МАРКЕТИ СНЕМА ЛЕБ - сите пазарат за карантинскиот викенд

НИЗ СКОПСКИТЕ МАРКЕТИ СНЕМА ЛЕБ - сите пазарат за карантинскиот викенд

НАЈГОЛЕМ ПАД ПО 1999: Европјаните помалку трошеле во април

НАЈГОЛЕМ ПАД ПО 1999: Европјаните помалку трошеле во април

НИКОЈ НЕ Е ИМУН НА КРИЗАТА: 50.000 Хрвати останаа без работа

НИКОЈ НЕ Е ИМУН НА КРИЗАТА: 50.000 Хрвати останаа без работа

ЕВН: Порамнети и корегирани сметки добиват корисниците, од 15 април броилата се отчитуваат

ЕВН: Порамнети и корегирани сметки добиват корисниците, од 15 април броилата се отчитуваат