07 Март, 2021
0.0231

Сара Фешн со донација за Инфективната клиника со желби за добро започнување на годината и завршување на пандемијата

Објавено во: Мои пари 22 Јануари, 2021

Од особена важност за секоја личност, организација или компанија е будноста и следењето на своите принципи, кои треба да се поткрепени со личната визија или со корпоративната мисија на работната организација. Македонската компанија Де-Та или за сите нас позната по својот бренд Сара Фешн (Sara Fashion) која оваа година веќе е 22 години на македонскиот пазар, е компанија која низ целиот овој период создава и се грижи за својата околина, заедницата и општеството. Така со започнувањето на новата година, тие потпишаа Договор за донација со Клиниката за инфентивни болести во Скопје со цел да се помогне во работењето на оваа клиника во овие периоди на светска пандемија.

-  Сакаме да им помогнеме на медицинските лица кои се дел од Инфективната клиника, а со тоа да помогнеме и на лицата за кои овие медицински работници се грижат. Сакаме тоа да биде донација со цел полесно извршување на големиот број работни обврски при услови на светска пандемија. Затоа ги запрашавме кои се нивните моментални приоритети од областа на опрема со која би се олеснале и подобриле одредени процеси, па согласно нивните потреби договоривме донација во опрема на професионална машина за перење на облеката која се користи во Клиниката. Ова е од особена важност за полесно функционирање во рамки на клиниката, а во име на целата компанја можеме да кажеме дека ни е особено драго што помогнавме за таа цел. – изјавија од Сара Фешн.

Договорот со добавувачот веќе се процесираше, а донацијата се очекува да пристигне во текот на следниот месец. Со оваа донација менаџментот од Сара Фешн изјави дека се насочени кон добро започнување на оваа година, со желба пандемијата веќе да биде историја. Секој чекор за подобрување на условите е чекор кон поздраво општество.


Можеби ќе ве интересира

Huawei комерцијално го лансираше RuralStar Pro решението

Huawei комерцијално го лансираше RuralStar Pro решението

Скопје Сити Мол во акција за сите дами

Скопје Сити Мол во акција за сите дами

Активни деца се здрави деца! Запишете го вашето дете во Атлетскиот Клуб „Работнички“

Активни деца се здрави деца! Запишете го вашето дете во Атлетскиот Клуб „Работнички“

ИутеКредит меѓу компаниите со најголем раст во Европа

ИутеКредит меѓу компаниите со најголем раст во Европа

A1 Македонија има најбрза мобилна мрежа на територијата на целата држава: Потврдено со мерењата на АЕК

A1 Македонија има најбрза мобилна мрежа на територијата на целата држава: Потврдено со мерењата на АЕК

Fashion Group ги слави жените: Супер промоции посветени само на дамите!

Fashion Group ги слави жените: Супер промоции посветени само на дамите!

Светска премиера на Cross Turismo: Практичната верзија на Porsche Taycan

Светска премиера на Cross Turismo: Практичната верзија на Porsche Taycan

Станете виртуелен ренџер и учествувајте во зачувување на загрозени животински видови во африканската савана

Станете виртуелен ренџер и учествувајте во зачувување на загрозени животински видови во африканската савана

Групација Триглав во 2020 година: Успешно работење во исклучително тешка година

Групација Триглав во 2020 година: Успешно работење во исклучително тешка година