02 Декември, 2022
0.0243

Санкции за Кадиров, Медведев, Шојгу и многу други

Објавено во: Свет 07 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Воведени се ограничувања за нови руски поединци и компании, како и за стоки „поврзани со хемиско оружје“.

Јапонија ја прошири листата на санкциите против Русија, a на удар е и семејството на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Членовите на семејството на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев и премиерот Михаил Мишустин се меѓу повеќе од 80 лица на новата листа на санкции.

 Министерството за финансии денеска објави нова црна листа, во која има бројни руски државјани и девет компании и организации, пренесува ТАСС.

Јапонското министерство за економија, трговија и индустрија на 26 септември објави дека земјата ќе ги прошири санкциите против Русија, воведувајќи забрана за извоз на стоки и материјали „поврзани со хемиско оружје“. 

Санкциите од јапонската влада од почетокот на војната во Украина се однесуваат на повеќе од 800 луѓе од Русија, над 200 руски компании и организации и 11 банки. 

ЕУ претходно воведе повеќе сетови на санкции против Русија поради војната во Украина која почна на 24 февруари. Русија реагираше дека на овој начин сакаат да ја уништат. 

Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2022 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАМИОН НА БАТЕРИИ: Изгледа како да дошол од иднината

(ВИДЕО) КАМИОН НА БАТЕРИИ: Изгледа како да дошол од иднината

Чавушоглу даде рок кога би имало примирје во Украина

Чавушоглу даде рок кога би имало примирје во Украина

Зошто Русија и се лути на Франција?

Зошто Русија и се лути на Франција?

Фон дер Лајен навлече гнев со објавата за загинати 100.000 украински војници

Фон дер Лајен навлече гнев со објавата за загинати 100.000 украински војници

(ВИДЕО) Во која земја се наоѓа најстариот ресторан во светот?

(ВИДЕО) Во која земја се наоѓа најстариот ресторан во светот?

Медведев: Киевските сатанисти дојдоа во Украинската православна црква

Медведев: Киевските сатанисти дојдоа во Украинската православна црква

(ВИДЕО) НОВ ГАФ: Бајден направи грешка на средбата со Макрон

(ВИДЕО) НОВ ГАФ: Бајден направи грешка на средбата со Макрон

Путин планирал убиство на украинското раководство или се надевал дека ќе избегаат од Украина

Путин планирал убиство на украинското раководство или се надевал дека ќе избегаат од Украина

Koj e најевтиниот град за живот во светот?

Koj e најевтиниот град за живот во светот?