25 Април, 2024
0.0283

Samsung ја лансираше новата линијa Wind-FreeTMклима уреди на база на вештачка интелигенција

Линијата е достапна во пет различни верзии од кои три вклучуваат уникатна Samsung Wind-Free™ технологија на ладење, унапредена со интелигентна технологија

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Компанијата Samsung Electronics Air Conditioner Europe B.V. и официјално ја лансираше потполно новата линија на ѕидни клима уреди со R32 разладно средство на новата генерација, уникатна Wind-Free™ технологија на ладење и нови опции за паметно управување со уредите.

„Новата линија на уреди ја потврдуваат доследноста на компанијата Samsung во претставување на водечки производи за ладење и греење, со препознатлив дизајн и интелигентни опции кои го олеснуваат секојдневниот живот,“ изјави Xavier Feys, потпретседател на секторот за претпродажба, развој на работењето и кориснички услуги во SEACE[1]. „Новата понуда на клима уреди за 2020 година им нуди на корисниците уште подобро искуство и поголем комфор во затворен простор, како и зголемена енергетска ефикасност благодарение на напредната Wind-Free™ технологија на ладење и новиот Digital Inverter Boost компресор.“

Wind-FreeTM технологија на ладење

Samsung во 2017 година ги претстави првите ѕидни клима уреди со Wind-Free™ технологија, која подразбира ладење во три чекори. Во првиот чекор во режимот за брзо ладење температурата брзо се намалува, а потоа се вклучува опцијата за намалување на влажноста на воздухот. Во третиот чекор, после постигнувањето на посакуваната температура, се активира Wind-Free™ режимот кој го одржува посакуваниот интензитет на ладење и пружа пријатен престој во просторијата.

Во Wind-Free™ режимот, свежиот воздух полека и рамномерно излегува низ илјадниците микро- дупчиња, креирајќи чувство на „мирен воздух“[2], и идеална атмосфера за работа или одмор, без непријатно дување од клима уредот.

Паметноработење

Новите ѕидни клима уреди ја оптимизираат постапката на ладење. Со помош на функцијата за автоматско прилагодување на комфорот преку вештачка интелигенција (AI Auto Comfort)  на корисниците им овозможи ефикасно користење на клима уредите. AI Auto Comfort ги анализира условите во просторијата, посакуваната температура и начинот на ладење, како и надворешната клима, сé со цел автоматски да го одбере најсоодветниот режим за работа на уредот.

Преку апликацијата Samsung SmartThings 2 овие уреди можат да се контролираат и од далечина. На тој начин се овозможува вклучување и исклучување на единиците, бирање на посакуваниот начин за ладење, закажување на одредени активности и следење на потрошната електрична енергија – со еден допир. Додатно, благодарение на Bixby, апликацијата на Samsung за управување со глас, корисниците преку својот паметен телефон можат едноставно да ѝ кажат на климата како сакаат да работи.

Поголема енергетска ефикасност

Новата генерација го користи иновативниот енергетски ефикасен компресор на Samsung, Digital Inverter Boost, кој овозможува одржување на посакуваната температура, без често вклучување и исклучување на уредот, што како резултат има помала потрошувачка на енергетска енергија.

Покрај тоа, уредот има вграден сензор за откривање на движења (MDS)кој ги следи движењата на корисниците и детектира кога нема никој во просторијата, па автоматски го менува подесувањето на клима уредот и го префрлува наstandbyрежим. Уредот Wind-Free™ Elite доаѓа со најдобри преформанси во оваа серија и има A+++ ознака за енергетски степен, во поглед на коеифициентот на сезонска ефикасност за греење (SCOP) и ладење (SEER), што е највисока енергетска оцена во Европа. [3]

Понуданапроизводи

Новата ѕидна линија на клима уреди со разладно средство R32 е достапна од првото тромесечие од 2020 година со верзиите Split (RAC) и Multi Split (FJM).

Понуданапроизводи, верзијаRAC

Капацитет

(Надворешнаединица)

Wind-FreeTM Elite

Wind-FreeTM Avant

Wind-FreeTM Comfort

Cebu

Luzon

2,5 kW

3,5 kW

5,2 kW

6,8 kW

Понуданапроизводи, верзијаFJM

Капацитет

(Надворешнаединица)

Wind-FreeTM Elite

Wind-FreeTM Avant

Wind-FreeTM Comfort

Cebu

Luzon

2,0 kW

2,5 kW

3,5 kW

5,2 kW

6,8 kW

Прегледнаопциизаспоредба

Wind-FreeTM Elite

Wind-FreeTM Avant

Wind-FreeTM Comfort

Cebu

Luzon

РежимналадењеWind-FreeTM

Режимнабрзоладење

Безжично (Wi-Fi) управување(SmartThings)

ГласовноуправувањепопатнаапликацијаBixby

AI Auto Comfort

Tri-Care Filter

Easy Filter Plus

Сензорзадетектирањедвижења

Комуникацискипротокол NASA

КомпресорсотехнологијаDigital Inverter Boost

РазладносредствоR32

Енергетскаознака(SEER/SCOP)

A+++ / A+++

A++ / A++

A++ / A+

A++ / A+

A++ / A+

СертификатEurovent

 


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка