25 Април, 2024
0.0427

Samsung го прославува својот 50ти роденден! Што може да очекуваме од овој технолошки гигант?

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Во 2019 година NASA прослави 50 години од историската мисија на Аполо 11 и првото слетување на месечината. Светското првенство во кошарка само што заврши, а на 19. декември ќе се претстави и третото и последно продолжение од трилогијата „Star Wars“. Последната година од оваа декада ќе се памети по многу значајни случувања. Воедно, 2019. претставува и многу значаен јубилеј во историјата на компанијата Samsung Electronics која го прославува своето 50. годишно постоење во светот на технологијата.


Сѐ започнало во 1969. година, кога Samsung го претставил својот прв црно-бел телевизор и започнал со извозот на производи надвор од Кореја. Секако, патот до успехот бил полн со подеми и падови, сѐ додека Samsung не прерасна во лидер и еден од најголемите технолошки иноватори во светот.

Со премисата „Инспирирај го светот, создади ја иднината“, која претставува дел од визијата на компанијата за 2020. година, Samsung ги заинтригира сите љубители на технологијата и ги наведе да размислуваат за тоа што следи.

Во однос на тоа, најавено е дека во иднина ќе се инвестира во старт-ап компании, со фокус кон вештачка интелигенција, Интернетот на нештата, надградена и виртуелна реалност и blockchain технологијата, како и дека овие техники компанијата ќе ги користи во производството на своите идни уреди.

Ќе биде феноменално да се види што има Samsung подготвено за своите корисници во годините кои следат. Тоа што е сигурно е дека компанијата ќе остане еден од најголемите иноватори кога се во прашање оригинални производи и услуги.

Покрај иновациите и технологијата, грижата за корисниците и нивните потреби низ целиот свет уште од самиот почеток е сржта на мисијата и визијата на компанијата. Токму затоа, Samsung одлучи да го прослави овој јубилеј во Македонија донирајќи од сопствените врвни технолошки производи на тие на кои најмногу им треба помош, олеснувајќи им го животот и овозможувајќи им поголема функционалност. Покрај тоа, вработени ќе учествуваат во низа волонтерски активности, давајќи свој личен придонес за локалната заедница.


Покрај општествено одговорните активности, компанијата ќе ја одбележи оваа важна годишнина и со уникатни понуди кои ги подготви за своите корисници. Воедно, покрај изненадувањата во вид на промоција, корисниците секоја недела ги очекува и врвна сервисна акција. Во рамки на првата промоција, која почнува овој петок, секој корисник помеѓу 20. септември и 10. ноември 2019. година ако купи било кој уред од понудите на Samsung за куќните апарати (машини за перење и сушење на алишта, фрижидери и вградни уреди) ќе добие 25% попуст. За повеќе информации за промоцијата, посетете ја https://www.samsung.com/mk/.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка