24 Мај, 2022
0.0227

Samsung го лансираше Home Hub: Централниот уред за паметно управување со домот

Објавено во: Мои пари 13 Јануари, 2022

Најновиот уред доаѓа во форма на практичен таблет, а се напојува со апликацијата SmartThings и вештачката интелигенција за персонализирано и поврзано корисничко искуство дома

 – Компанијата Samsung Electronics на меѓународниот саем CES 2022, го претстави Samsung Home Hub, нов систем за управување со домашни уреди преку иновативен екран на допир во форма на таблет од 8,4 инчи со држач. Новиот Home Hub обезбедува брз пристап до поврзаните домашни уреди и услуги на персонализиран начин, истовремено подобрувајќи ги нивоата на поврзување, како и распоредување на способностите за вештачка интелигенција и SmartThings за автоматско создавање решенија за паметни домови. Со Home Hub, целото семејство може поефикасно да се справува со домашните работи со интуитивен интерфејс до кој секој може да пристапи. Поради својата иновација, Samsung Home Hub ја освои CES наградата за иновативност ( Innovation Award) уште пред да се оддржи саемот.

„Samsung Home Hub носи поврзување во паметен дом како никогаш досега, што го олеснува секојдневниот живот. Home Hub им нуди на корисниците персонализирано искуство со запомнување на преференциите и поставките на паметните апарати за домаќинство, додека интуитивниот интерфејс му овозможува на секој член на домаќинството брзо и ефикасно да ги извршува домашните обврски“, изјави Hyesoon Yang, потпретседателка и директорка за корисничко искуство, сектор за апарати за домаќинство на Samsung Electronics.

Широка поврзаност

Samsung Home Hub носи функции што им овозможуваат на корисниците не само да управуваат со апаратите за домаќинство во паметниот дом, туку и со секојдневните рутини и список на домашни работи што треба да ги извршуваат членовите на домаќинството. Home Hub може да се поврзе со кој било уред во екосистемот SmartThings, вклучително и паметни апарати за домаќинство произведени од Samsung. Најавени се и дополнителни опции за поврзување со други паметни домашни уреди, како што се контрола на светлото или систем за заклучување на вратите.

Персонализирано искуство

За прв пат досега, Samsung Home Hub носи форма на кориснички интерфејс што користи вештачка интелигенција и апликација SmartThings за да обезбеди унифицирано управување со целиот паметен дом во еден практичен уред како што се таблетите. Категориите софтверски услуги што ги обезбедува SmartThings вклучуваат решенија за готвење, нега на облека, домашни миленици, воздух, енергија и т.н. Home Care Wizard за грижана целиот дом. Корисникот може да управува со интерфејсот за гласовни команди користејќи го гласовниот асистент Bixby, каде што квалитетниот микрофонски систем овозможува да се даваат команди на долги растојанија во домот.

На пример, корисникот може да ги користи можностите на апликацијата за време на готвењето за да планира и купува состојки и да подготвува оброци користејќи ја услугата ™ Family Hub. Кога е време за перење алишта, Home Hub може да се поврзе со машините за перење и сушење на Samsung Bespoke за автоматско поставување на програмата за перење, не само во зависност од преференциите на корисникот, туку и од надворешните услови. Исто така, со помош на паметна камера на роботската правосмукалка Bespoke Jet Bot AI +, корисникот може да провери што прави домашно милениче во моментот и со помош на услугите SmartThings да ги прилагоди условите во домот како клима уред за да го направи својот престој поудобен. Дополнително, со Home Hub, климатизацијата во домот е целосно автоматизирана според континуирано анализираните услови, а корисникот може да ја оптимизира потрошувачката на енергија благодарение на анализата на користењето што вклучува дополнителни опции за заштеда на енергија. Она што дефинитивно треба да се истакне е можноста на услугата SmartThings Home Care Wizard која континуирано ја проверува состојбата на апаратите за домаќинство и го информира корисникот за потенцијалните дефекти, потребата од замена на делови и чекорите што треба да се преземат.

Одржливост како дел од паметен дом

Како дел од саемот CES 2022, Samsung како компанија најави забрзување на развојот на одржливи решенија во областа на апаратите за домаќинство. Во оваа насока, Samsung најави соработка и со компании како што е американската компанија за облека Патагонија за намалување на влијанието на микропластиката врз животната средина, како и со компанијата

Q CELLS што резултираше со функцијата Zero Energy Home Integration во апликацијата SmartThings, која овозможува управување со енергијата добиена од соларни панели. Покрај тоа, Samsung најави зголемување на уделот на рециклирана пластика во производството на апарати за домаќинство од сегашните 5 на 30% во 2024 година. Во иднина, ова претставува зголемување од 25.000 тони употребена рециклирана пластика на 158.000. Покрај тоа, Samsung разви специјална полипропиленска рециклирана пластика за барабаните на своите машини за перење, која е многу поиздржлива од порано, а најавено е и проширување на програмата на добро познато еколошко пакување и на други апарати за домаќинство.


Конечно, Samsung го објави своето приклучување кон Home Connectivity Alliance (HCA) со други водечки производители во областа на решенија за паметни домови, чија цел е да промовира интероперабилност и поголема безбедност.

Samsung Home Hub ќе биде достапен на глобално ниво по неговото официјално претставување на корејскиот пазар во март.

# # #

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, лиени и LED решенија. За најновите вести, посетете ја Newsroom на Samsung на http://news.samsung.com.


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

УНИБанка го одржа вториот по ред турнир по тенис за своите клиенти „UNIBank Invitational 2022„

УНИБанка го одржа вториот по ред турнир по тенис за своите клиенти „UNIBank Invitational 2022„

СЕФФ: Преку регионално поврзување – зајакнување на отпорноста на економиите на идни шокови

СЕФФ: Преку регионално поврзување – зајакнување на отпорноста на економиите на идни шокови

НЛБ Банка воведува Зелени кредити за проекти кои штедат енергија и ја заштитуваат животната средина

НЛБ Банка воведува Зелени кредити за проекти кои штедат енергија и ја заштитуваат животната средина

Отворен првиот Фаб Лаб во Македонија на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје!

Отворен првиот Фаб Лаб во Македонија на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје!

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ И ВО ИДНИНА БРЕНД АМБАСАДОР НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ И ВО ИДНИНА БРЕНД АМБАСАДОР НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА

Промоција на книгата „ОбојОбојОбој“ од Јордан Николов во КЦ „Магаза“ во Битола

Промоција на книгата „ОбојОбојОбој“ од Јордан Николов во КЦ „Магаза“ во Битола

Проф. д-р Тониќ Рибарска: Концептот на „намалување на штети“ може да ги минимизира штетните ефекти од тутунот

Проф. д-р Тониќ Рибарска: Концептот на „намалување на штети“ може да ги минимизира штетните ефекти од тутунот

Преку 2500 танчери од Европа ќе танцуваат на Европското првенство во танци 2022 во Ист Гејт Мол!

Преку 2500 танчери од Европа ќе танцуваат на Европското првенство во танци 2022 во Ист Гејт Мол!

Скапоцена фудбалска магија во живо: оригиналниот FIFA World Cup трофеј е во Скопје!

Скапоцена фудбалска магија во живо: оригиналниот FIFA World Cup трофеј е во Скопје!