19 Април, 2024
0.0278

Samsung ги претстави најновите иновации во полето на греењето, ладењето и климатизацијата

Објавено во: Мои пари 21 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Веќе четврта година по ред Samsung Electronics Air Conditioning Europe B.V. (SEACE) организира годишен партнерски настан Ден на решенијата за климатизација на тема „Подготвени за Новиот свет“.  За време на настанот, компанијата на едно место собра експерти од индустријата ориентирани кон иднината како и претставници на медиумите со најновите иновации и сознанија на Samsung. Настанот се емитуваше од Холандија на гледачи од цела Европа, а гостите имаа единствена можност да се приклучат од своите домови. 

Виртуелниот формат им овозможи на учесниците на темелен начин да искусат нови решенија и технологија, воедно овозможувајќи можност за непосреден разговор со вработените од компанијата Samsung, кои претставија иновативни производи, како и визијата на компанијата за 2021. година, додека еден од гостинските говорници беше и легендарниот фудбалски судија Пјерлуиџи Колинa.

„И покрај моменталните околности, под кои не е физички возможно да се одржат настани, ја исполнивме својата цврста намера да се сретнеме со нашите ценети партнери оваа година. Виртуелниот настан чиј домаќин беше Samsung, ни пружи можност на нив, како и на другите експерти од индустријата да им ги претставиме своите последни и најнови иновации како што сеDVM S2 и WindFree™ Pure 1.0, изјави Vim Vangenberge, претседател на компанијата Samsung Electronics Air Conditioning Europe. „Иако животот во 2020. година драстично се промени, Samsung останува непоколебливо фоксуиран на преобликување, воведување новитети и подобрување на микроклиматските услови, преку поместување на границите на технологијата, иновациите и дизајнот. Заедно со своите партнери, ќе ја обликуваме иднината и ќе ги искористиме можностите кои се пред нас, без разлика дали се работи за онлајн соработка или во живо.“

Само напред низ 2021.

Минатогодишните настани го принудија Samsung да пронајде нови начини за комуникација со партнерите. Работење во онлајн окружување лице во лице, создаде нови начини на соработка. Samsung  покажа флексибилност во нудење помош, без разлика дали се работи за финансиска поддршка, продажба или технички проблеми.

Samsung постојано го трасира патот на најсовремените решенија насочени кон клиентите, па исклучок не е ниту сегментот за греење, ладење и климатизација (HVAC). За време на настанот, компанијата го најави претставувањето на две последни иновации на пазарот: енергетската ефикасна линија DVM S2 за примена во комерцијалниот сектор и WindFree™ Pure 1.0 за примена во станбениот сектор кој го подобрува квалитетот на внатрешниот воздух.

DVM 6. генерација: DVM S2

Новата лепеза на DVM S2 – 6. генерација на платформата за дигитални променливи мулти-системи(DVM) и новата генерација на дигитални променливи мулти S системи (DVM S) – овозможува најдобра сезонска енергетска ефикасност, можност за управување со помош на вештачка интелигенција, со цел оптимизирање на климатски услови и постигнување на подобар степен на корисно дејство, но не на сметка на комфорот. Покрај тоа, новата линија го олеснува изборот на уреди благодарение на поедноставениот асортиман на внатрешни единици. DVM S2 го подвлекува допринесот на компанијата Samsung за мисијата ЕУ да стане јаглерод-неутрална економија до 2050. година, како што е наведено во Европскиот зелен договор1, преку ненадминлива понуда на енергетски ефикасни решенија. Овој асортиман ќе биде достапен во Европа почнувајќи од април 2021. Достапноста може да се разликува во зависност од пазарот.

Претставување на WindFree Pure 1.0

Новиот ѕиден клима-уред WindFree™ Pure 1.0 е иновација од работилницата на Samsung за станбениот сектор, која нуди напреден квалитет на воздухот во вашиот дом. Доаѓа со PM1.0 филтер за прочистување на воздухот, единствената технологија за ладење WindFree™, функцијата Freeze Wash, како и функциите за паметно управување, кои овозможуваат оптимален комфор и почист воздух во станбените простори. Ѕидниот модел е опремен со електростатиченPM1.0  филтер кој има функција за прочистување на воздухот и може да филтрира честички прашина со големина до 0,3 μm (микрони) и да стерилизира одредени видови на бактерии2давајќи им електростатичен набој. Освен тоа квалитетот на внатрешниот воздух постојано се следи преку апликацијата SmartThings. Дури и кога уредот е исклучен, сензорот за прашина може да регистрира моментален квалитет на воздухот во просторијата. Известувањето се праќа кога загаденоста на воздухот достигнува ниво на „лошо“ или „многу лошо“. Преку апликацијата SmartThings корисникот може да реагира преку далечинско вклучување на режимот за прочистување.

Визијата на Samsung за Новиот свет

За време на настанот корисниците следеа различни сесии преку кои Samsung ја покажа својата визија за Новиот свет, со фокус на сегментите како што се на пр. квалитетот на внатрешниот воздух, одржливоста, можностите за поврзување и можностите за раст на пазарот за станбен простор.

Како што Европејците моментално поминуваат околу 90% од своето време во затворен простор,4 квалитетот на внатрешниот воздух стана уште поважен за индустријата во 2021. година, имајќи во предвид што Светската Здравствена Организација ја нагласи неговата важност, како и што истиот е предмет на сè повеќе научни истражувања. Samsung за време на овој настан ги демонстрираше своите нови плочи за прочистување на воздухот со PM1.0 филтер и начин на кој што го прочистуваат воздухот.

Заедно со компанијата Project Etopia, Samsung го претстави начинот на работа на решението ClimateHub TDM Plus. Имајќи ја во предвид целта на Европскиот зелен договор, постоечкиот европски електроенергетски систем да се претвори во ефикасен и интегриран систем, преминот од традиционален облик на греење кон одржливо решение за греење по пат на топлотни пумпи сè повеќе се препознава како соодветно решение низ цела Европа. Ваквиот развој на настаните пропратен со користење на напредна дигитална технологија, која го олеснува паметното поврзување, претставува ефикасен чекор на патот кон поголема удобност и тоа со заштеда на енергија - како краткорочно, така и долгорочно.

Настанот исто така на консултантите за HVAC системите им понуди темелна презентација, овозможувајќи им подобар увид во новата DVM S2 линија на Samsung, решението EHS TDM Plus исофтверот DVM Pro 2.0.

Видео-снимките од настанот се достапни по дополнително барање

Сите видео-снимки од настанот можат да се погледнат по дополнително добиено барање сè до 21. февруари 2021. година.

1Извор: Европска комисија, без датум. Actions Being Taken By The EU. [online] Достапно на: <https://ec.europa.eu/info/strategy/priorities-2019-2024/european-green-deal/actions-being-taken-eu_en>

[пристапено на 7. октомври 2020].

2Наведените видовина бактерии сеEscherichia coliиStaphylococcus aureus. Сертифицирано од Intertek, извештај број RT20E-S0010-R, датум на издавање: 17. април 2020.

3Неопходно е Wi-Fi поврзување и сметка на апликацијата Samsung SmartThings. Wi-Fi сетот се нарачува засебно. Неопходен е iOS 10.0 или понова верзија,односно Android 5.0 или понова верзија. Можно е да се потребни дополнителни услови поради користење на апликацијата SmartThings во средни и поголеми деловни згради. Достапноста на опишанитe функции може да зависи од изведбите на системите. Гласовните команди на Bixby поддржуваат англиски (US, UK, индијски), кинески, корејски, француски, германски, италијански, португалски и шпански јазик.

4Извор: Sarigiannis, D.A. (2013), „Combined or multiple exposure to health stressors in indoor built environments“, Светска здравствена организација.

За компанијата Samsung Electronics Air Conditioner Europe B.V. (SEACE)

Од претставувањетo на својот прв клима-уред во 1974. година, Samsung одново ги дефинира комфорните микроклиматски услови за општеството на иднината. Тоа се однесува на сите простори на кои луѓето заеднички создаваат незаборавни искуства, без разлика дали се работи за работни или станбени згради. Samsung ги менува правилата на играта поради неуморниот фокус за поместување на границите на технологијата, иновациите и дизајнот.

Samsung Electronics во 2005. година влезе на европскиот пазар за климатизација на деловни објекти. Поради брзиот раст и како поддршка на долгорочниот ангажман на европскиот пазар, Samsung Electronics ја основаше Samsung Electronics Air Conditioner Europe B.V. (SEACE) во 2017. воАмстердарм, во Холандија. Целта на централата во Европа е да ги зацврсти и усогласи активностите во над 30 европски земји. SEACE нуди постојана техничка обука за решенија за климатизација и паметни-згради, со пост-продажна и стручна поддршка на своите партнери, зад кои стои квалитетот на компанијата Samsung и честите иновации, вклучувајќи и решенија за дигитално поврзување. SEACE со своите иновативни решенија за ладење, греење, топла вода во домаќинството, разладување и паметните згради, настојува да ги задоволи потребите на европскиот пазар, како во деловниот, така и во станбениот сегмент.

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година