28 Март, 2024
0.0270

Samsung BESPOKE линијата на фрижидери за прв пат на CES 2021

Објавено во: Мои пари 20 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Сега корисниците можат да бираат различни кујнски решенија и стилови за да го персонализираат својот простор за живеење

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. прв пат го најави претставувањето на познатата Bespoke линија на фрижидери на најголемиот саем за потрошувачка електроника, CES 2021.

Bespoke фрижидерите поседуваат целосно нов Flex формат со четири врати со елегантни линии, со современо дизајниран рамен панел со вдлабнати рачки, кој се вклопува во различни стилови на кујни. Со осум единствени бои и завршни доработки од стакло или челик, истите нудат посебни можности во рамките на дизајнот. Палетата на бои, во кои ќе бидат достапни овие фрижидери, опфаќа сиво, небесно сино, тегет, бело и розево стакло, како и тегет, мат црн челик и шампањ боја.

Како што семејствата поминуваат сè повеќе време дома, тие сè повеќе вложуваат во куќни апарати кои можат да ги персонализираат, а тоа е токму она кое го нуди нашиот Bespoke асортиман“, истакна Џон Херингтон, виш потпретседател и генерален директор на одделението за кујнски апарати на компанијата Samsung Electronics America. „Bespoke фрижидерите се прилагодливи на секој ентериер, имајќи во предвид што се изработени во повеќе бои, од различни материјали и со завршни обработки, од кои можете да одберете во склоп на вашиот стил, а исто така можете да го прилагодите и внатрешниот простор на фрижидерите со помош на променливите фиоки и другите единствени карактеристики“, додаде Херингтон.

Правејќи го целокупниот дизајн елегантен, Flex Bespoke фрижидерот доаѓа со нов дел за пијалаци во внатрешноста на горните леви врати, кој овозможува брз пристап до филтрираниот дозатор и AutoFill бокалот за вода. AutoFill бокалот автоматски се дополнува со свежа, филтрирана вода, а во неа можете да додадете вкус по ваш избор. Фрижидерот поседува и двостран ледомат, кој прави, не само обични коцки мраз, туку и „мрвици“, кои побрзо го оладуваат пијалокот.  

Flex Bespoke содржи напредната Flex зона, прилагодлив дел кој ја менува температурата на фрижидерот во температурата на замрзнувачот, задоволувајќи ги различните семејни потреби за складирање на храна. Flex зоната има пет опции на подесување на температурата за: замрзнување, благо замрзнување, месо и риба, овошје и зеленчук, како и за пијалаци. Тука е и FlexCrisper ™ кој овозможува месото или рибата да ги чувате на оптимална температура, како и Crisper + ™ кој вашето овошје и зеленчук ги оддржува свежи подолго време.

Компанијата Samsung ќе ја претстави Bespoke линијата на фрижидери во Европа и во земјите на Блискиот Исток во текот на 2021. година, проширувајќи се вон северно-европскиот и азискиот пазар, каде што моментално е достапен овој асортиман, додека во САД ќе биде од оваа година.

Повеќе информации за најновите Samsung производи побарајте на https://www.samsung.com/mk/explore/experiences/ces2021/

# # #

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на TV апаратите, смартфоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни уреди, мрежните и LSI системи, меморијата и LED технологијата. За дополнителни информации и вести, посетете ја news.samsung.com.

ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија