Samsung апарати за домаќинство со вештачка интелигенција за модерен стил на живеење
Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2024
Фактот што живееме
во дигитално доба само потврдува дека нашиот начин на живот постојано доживува
промени, следејќи ги достигнувањата на иновативните технологии. Автоматизирањето
на разни процеси и активности во секој сегмент од нашето живеење длабоко го
зафаќа и нашиот дом во кој веќе речиси сите апарати и уреди кои ги користиме не
сашо што се автоматизирани, туку и во голема мера се потпираат на функции со
вештачка интелигенција кои во моментов со огромна брзина со освојуваат светот.
Што нуди Samsung од своите нови паметни апарати за домаќинството?
Вештачката интелигенција е сé повеќе присутна и кај машините за перење и сушење на вашите алишта, а со тоа се остваруваат бројни придобивки при обезбедувањето на совршено чисти алишта.Со AI Wash машината ви предлага циклуси за перење според препознавање на ткаенините, па така вашите алишта ќе бидат испрани темелно со оптимизирана количина на вода и детерѓент како резултат на напредното сензорирање на тежината и мекоста на ткаенините и нивното ниво на нечистотија.
Моделите како машините за перење WW8400и WW7400, обете со предно полнење со SmartThings AI EnergyMode и до А-40% екстра енергетска ефикасност, го олеснуваат перењето на дури и најсложените парчиња облека, со капацитет за перење до 11 килограми алишта. Со технологијата Ecobubble, овие машини за перење темелно ќе ги исперат алиштата во ладна вода, додека вештачката интелигенција ќе пресмета колку прашок е доволно, земајќи ја предвид валканоста на облеката. Перењето е лесно и ефикасно, бидејќи вашата машина ги „памти“ вашите навики, предлага соодветна програма за перење и навреме ги прикажува потребните информации. Апликацијата SmartThings, исто така, дава совети за програмирање, креира планови и решава проблеми додека SpaceMax™ обезбедува повеќе простор во машината за да можете да перете повеќе алишта, вклучувајќи големи ќебиња и постелнина. Интересно е скенирањето на детергентот и на етикетите за нега соновите функции на SmartThings Clothing Careпри што Detergent Scan овозможува скенирање на детергентот или омекнувачот во апликацијата SmartThings, а информациите се испраќаат до машината за перење за да се додаде соодветна количина прашок или омекнувач
ЦиклусотMicrofiber™ е создаден така што облеката ослободува помалку микропластика која завршува во отпадна вода. Со прилагодување на брзината на моторот и интензитетот на перење, овој циклус ја намалува количината на микровлакна што се ослободува во одводот до 54%.
Со функцијата Super Speed циклусите може да се завршат за само 39 минути. Ова кратко време на перење е овозможено со технологијата QuickDrive™, која динамично ја движи облеката. Времето на перење се скратува и со користење на функцијата Speed Spray, која брзо ги отстранува остатоците од детергентот со моќен млаз вода. Машината за перење ја зголемува и брзината на центрифугирање во зависност од количината на алишта за брзо сушење на алиштата.
Samsung фрижидери со тројно ладење и заштеда на енергија
Samsung фрижидерот го претставуваат врвот на технолошките иновации и приспособливиот дизајн. Корисниците можат да избираат помеѓу различни форми и бои за да фрижидерот совршено се вклопиво ентериерот и стилот на нивната кујна и уредувањето воопшто. Еден од новите модели е фрижидерот со замрзнувач RB6000D кој се одликува со иновативен дизајн и многу повеќе простор за складирање храна. Режимот AI Energy Mode во апликацијата SmartThings заштедува до 15% енергија, а покрај тоа што ја одржува храната посвежа подолго време, обезбедува и заштеда на сметката за електрична енергија. Вештачката интелигенција кај овој фрижидер придонесува тој да биде ефикасен и при одмрзнување, регулирајќи ја температурата врз основа на претходните шеми на употреба и условите во околината. Изработен е од најнови материјали, но и покрај тенките ѕидови, тој има совршена изолација со помош на технологијата SpaceMax™.
Како опција за поголем фрижидер e моделот RF9000 со T Style француска врата и Beverage Centerкој се издвојува како идеално решение за големи семејства кои бараат ефикасно ладење на големи количини храна. Овој фасцинантен уред содржи и Beverage Center™ за подготовка на пијалаци, со чија помош е можно да се подготват освежителни пијалаци или вода со вкус. Со функциите SmartThings Energy храната останува свежа долго време и на тој начин се зачувува нејзиниот природен вкус и мирис. Со помош на тројното ладење, ладен воздух се испорачува до три прегради во фрижидерот и замрзнувачот. Фрижидерот одржува оптималната температура и влажност во секоја од преградите и осигурува храната да не привлече други мириси. Големиот простор во овој фрижидер може да се искористи и многу паметно со лизгачката полица овозможувајќи складирање на високи шишиња и големи садови. Фрижидерот исто така обезбедува свежа филтрирана вода и изобилство од коцки мраз во секое време.
Samsung како еден од лидерите во технолошките иновации во континуитет произведува уреди кои совршено се вклопуваат во секој паметен дом, беспрекорно поврзани меѓу себе со помош на апликацијата SmartThings. Оваа интеграција им овозможува на корисниците лесно да управуваат од екранот на својот Galaxy смртфон со сите уреди и апарати за домаќинството, создавајќи автоматизиран, модерен и паметен екосистем во домот.
Искористете ја промотивната понуда на одбрани апарати за домаќинството
[img border="0" width="365" height="206" src="file:///C:/Users/guest1/AppData/Local/Packages/oice_16_974fa576_32c1d314_3b8d/AC/Temp/msohtmlclip1/01/clip_image002.jpg" alt="A room with a kitchen and a washing machine" v:shapes="Picture_x0020_1">
Samsung за своите верни потрошувачи ја продолжи гаранцијата на одредени арати за домаќинство од 2 години на 5, вклучувајќи тука дополнителни 3 години комерцијална продолжена гаранција. Повеќе за оваа понуда и за тоа кои производи ги опфаќа, прочитајте тука.
Повеќе информации за гореопишаните производи можете да прочитате на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/refrigerators/bottom-mount-freezer/rb6000d-508l-black-doi-rb50dg602eb1eo/