24 Април, 2024
0.0350

Самоиловска – Цветанова: Атиџе и „Медена земја“ не ја отсликувале реалноста, да снимаме филм за Боки 13 и Ката

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Да снимиме филм за Боки 13 и Ката како после прославите на 1ТВ каде присуствуваше цела Влада ги апсеа за рекет, вели екс министерката за култура Ганка Самоиловска – Цветанова. 

Таа ова го напиша на својот Твитер профил по повод коментарите за македонскиот документарец „Медена Земја“, кој е номиниран во две категории за Оскар. 

„Атиџе и „Медена земја“ не ја отсликувале МК реалност. Така е. Да снимиме филм за Боки 13 и Ката како после прославите на 1ТВ каде присуствуваше цела Влада ги апсеа за рекет. Па за „Рекет 2“, „Рекет 3“. За аболициран премиер кој една година си прави муабет со лажен Порошенко. Пореално здравје“, порача Цветанова.


„Медена земја“ во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, има дури две номинации за Оскар.

Филмот е во трката за најпрестижната филмска награда на светот и тоа во категориите најдобар странски филм и најдобар документарен филм. 

„Медена земја“ деновиве е топ тема во Македонија, и пошироко. Сношти го гледав филмот “Медена земја” и од срце го препорачувам ова дело поради вистинитоста, пишува на Фејбсук, професорот Владимир Милчин. 

Атиџе го доби епитетот „меден херој“. 

Екс министерката редовно го соопштува својот став на Твитер за важни прашања во земјата. Во 2018 година имаше преписка со нејзината наследничка, Елизабета Канческа-Милеска, сега пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа дали ќе гласа за уставните измени во Собранието.

Годинава со цитат од Гоце Делчев, му го честиташе Божиќ на министерот за надворешни, Никола Димитров. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП