25 Април, 2024
0.0454

САМО ПО НЕКОЈ ПАНИЧЕН НАПАД И ЛЕСНИ СИМПТОМИ: По повеќе од 30.000 вакцинирани, ниту еден случај со сериозни несакани ефекти

Објавено во: Македонија 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Откако почна процесот на имунизација против корона вирусот во Македонија се вакцинирани повеќе од 30.000 граѓани. На почетокот со 8.000 вакцини од производителот беа вакцинирани здравствените работници кои од почетокот на епидемијата се во најдиректен контакт со ковид-пациенти, а потоа вакцинацијата продолжи со вакцината Спутник V која исто така беше аплицирана на медицинските лица, како и со АстраЗенека, која по ретки случаи на тромбоза, кај нас се аплицира само кај повозрасната популација, односно со неа не се вакцинираат граѓани помлади од 60 години. Она што е важно да се истакне, како што нагласуваат од Здравствен дом-Скопје, за сите три вакцини против Ковид-19, ниту еден од граѓаните не пријавил случај на сериозни несакани ефекти.

-Процесот на вакцинација тече според плановите и досега нема никакви проблеми. Радува фактот дека има навистина голем интерес кај граѓаните за имунизацијата против корона-вирусот. Досега на порталот vakcinacija.mk се пријавиле повеќе од 140.000 граѓани, а огромен е и бројот на оние кои се пријавуваат преку матичните лекари. Тоа што посебно би сакал да го истакнам е дека несаканите ефекти од примените вакцини против Ковид-19 се оние очекуваните, како што ги дава секоја друга вакцина. Тоа е блага болка во раката, односно местото каде што е аплицирана вакцината, главоболка, мала повишена температура, некои имаат треска, болки во мускулите, но сето ова поминува само за еден ден. На некои од пунктовите имаше ретки случаи на граѓани кои имаа паничен напад, страв, но медицинскиот персонал кој е таму ги охрабрува, дава стручни совети и навистина процесот на вакцинацијата тече со зацртаната динамика и без проблеми, вели за Фактор, директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р Виктор Исјановски.

И матичните лекари со кои разговараше Фактор посочуваат дека ниту еден од нивните пациенти кои ја примиле вакцината против корона вирусот, било тоа да е од АстраЗенека или пак Спутник V не се пожалиле на посериозни здравствени проблеми.

-Имам многу возрасни пациенти кои ја примија вакцината од АстраЗенека, но и пациенти кои се доста помлади кои изминативе десеттина дена се вакцинираа со Спутник V. Ниту еден од нив, по примање на вакцината не се јави да каже дека има здравствени потешкотии. Дури највозрасните, оние од 80 години пријавија само блага повишена температура и мускулни болки, но веќе следниот ден кога се слушнавме да прашам како се, рекоа дека немаат никакви проблеми, вели за Фактор, д-р. Жаклина Арлеџиева од ПЗУ „Прамамедика“.

Здравствените власти во земјава посочуваат дека сите вакцини против корона вирусот се безбедни и ефикасни и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи единствен излез од пандемијата е само масовна имунизација и стекнување на колективен имунитет.

Епидемиолозите велат дека појавата на новите варијанти е заради тоа што се остава простор, односно време на вирусот да мутира бидејќи вакцинацијата во светот, па и кај нас се одвива побавно.

Недостигот на вакцини, посебно на европскиот континет, со исклучок на Велика Британија и Србија, овозможува вирусот да мутира во се поопасни варијанти, кои се лесно преносливи и даваат многу потешки клинички слики од првичниот вухански вид.

Дел од земјите ја стопираа употребата на вакцината на АстраЗенека заради случаите на тромбоза. Некои,како Данска најавија дека воопшто нема да ја аплицираат, додека Германија пак ќе ја аплицира на граѓаните над 60 години. Во последниве два дена и САД објавија дека ја запираат употребата на вакцината Јансен од производителот Џонсон и Џонсон, откако една жена почина, а друга е во критична состојба по примање на оваа еднодозна вакцина.

За разлика од овие вакцини, шефицата на руската служба за здравствена конторла, Ала Самојлова изјави дека не регистрирале ниту еден случај на тромбоза по вакцинацијата со Спутник V.

-Повеќефазното прочистување на вакцината „Спутник V“ со употреба на високотехнолошка хроматографија и микрофилтрација ја исклучува можноста во вакцината да успее да влезе голема количина на преостаната ДНК, што е ризик фактор за развој на тромбоза, посочува таа.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови